Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
МАКЕДОНИЈА

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1

Објавено July 19, 2026 12:56
Сподели
Сподели

Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 илјади жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е намален за повеќе од четири споредено со 2019 кога имало 24,3 судии на 100 илјади жители.

Меѓу земјите на ЕУ, Хрватска и Словенија регистрирале највисоки соодноси, со 43,3 и 40,2 судии на 100 000 луѓе. Следат Луксембург (36,0), Бугарија (35,4) и Романија (35,3). Од друга страна, најмалку имале Ирска со 3,6 судии на 100 000 луѓе, по што следат Австрија (4,3), Шпанија (6,2), Чешка (6,7) и Италија (7,9).

Во регионот најмногу судии на 100 илјади жители има Црна Гора – 42,49, потоа следи Србија со 40,18, Бугарија – 35,37, Грција – 26,06, Македонија – 20,15 и Турција – 16,66. За Албанија и Косово нема податок за 2024 година. За Албанија последниот податок е за 2023 кога имала 8,87 судии на 100 илјади жители, додека за Косово е од 2019 година кога има 23,33 судии на 100 илјади жители.

Во повеќето земји од ЕУ, жените професионални судии се позастапени. Само во Ирска уделот на машки судии (56,4%) е поголем од бројот на жени судии (43,6%). Во Словенија, судијките претставуваат 81,4% од сите професионални судии (694 жени наспроти 159 мажи), што е највисок удел меѓу земјите од ЕУ, а веднаш по нив следува Латвија со 79,7% жени судии (408 наспроти 104). Судството во Германија е речиси рамномерно поделено, при што судијките претставуваат 50,7% од сите професионални судии (11 139 наспроти 10 813).

Во Македонија речиси две третини од професионалните судии се жени (61,4%) во 2024 година. Во регионот највисок процент на жени судијки има Грција (75,5%), потоа следи Србија (73%), Босна и Херцеговина (64,8%), Бугарија (64,4%), Црна Гора (63,3%) и Албанија (55%).

Професионален судија, според дефиницијата на Евростат, се вработени официјални правни професионалци (со полно или скратено работно време) овластени да слушаат граѓански, кривични и други случаи, вклучително и во апелациони судови, и да донесуваат одлуки во суд, кои се регрутирани и се платени за да работат како судии. Оваа категорија ги исклучува непрофесионалните судии како што се судиите-поротници и магистратите-поротници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поплавени домови од невремето во Словенија, насукани бродови во Хрватска
Следна Статија Украдени лежалки во Италија се појавиле на плажа во Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јорданова: Вообичаено државите кандидати ги влечат напред соседите, нас тие не блокираат

Експертот за ЕУ, Малинка Р. Јорданова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 објасни зошто трае толку македонскиот евроинтеграциски процес.…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните плаќаат за чиста средина, а не за депонии и ѓубришта: Митески најави кривична против ЈП „Комунална хигиена“доколку не реагира за отпадот

Само денес собравме над 10 тони отпад (50м3) кои завршија во „Дрисла“, информираше вчера градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. „Ова…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Нунес, Битов, Галина и Павловски: Можност за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е единствен лидер од Балканот кој присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп, остварил средба со Девин…

January 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Дискусиите во јавноста кој ќе го наследи лидерското место на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ се спинови и теории на заговор

Се нафатив на работа што остава траги зад себе и тоа се мојата желба и фокус. Во исто време сум…

March 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?