Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поплавени домови од невремето во Словенија, насукани бродови во Хрватска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Поплавени домови од невремето во Словенија, насукани бродови во Хрватска
БАЛКАН

Поплавени домови од невремето во Словенија, насукани бродови во Хрватска

Објавено July 19, 2026 12:53
Сподели
Сподели

Силно невреме проследено со поројни дождови и бурни налети на ветер вчера зафати поголем дел од Словенија, предизвикувајќи поплави, оштетувања на објекти и десетици интервенции на спасувачките служби.

Најпогодено е подрачјето на Крањ, каде што до раните утрински часови биле регистрирани 33 интервенции. Обилните врнежи поплавиле куќи, подруми и деловни објекти, додека силниот ветер откорнал дрвја и оштетил покриви на повеќе згради.

Невремето во текот на ноќта се придвижило кон регионот Горно Посочје, откако над северна Италија се формирал силен атмосферски систем кој продолжил да се движи кон југоисток. Во словенечкото Приморје ветерот останал силен и во текот на ноќта, а невремето потоа се насочило кон хрватска Истра.

Според словенечката Управа за цивилна заштита и спасување, најмногу проблеми биле пријавени во регионот Горењска. Освен во Крањ, интервенции имало и во општините Горења Вас-Пољане и Накло. Невремето не ја одминало ниту Корошка, каде што биле регистрирани повеќе инциденти во Словењ Градец, Дравоград, Мислиња и Превале.

Спасувачките и противпожарните екипи биле ангажирани и во североисточниот дел на земјата, особено во Подравскиот регион и Штаерска. Таму пожарникарите испумпувале вода од поплавените објекти, обезбедувале оштетени покривни конструкции и расчистувале паднати дрвја од патиштата.

И покрај значителната материјална штета, според досегашните информации нема пријави за повредени лица.

На хрватското приморје пак, тројца австриски државјани биле спасени рано утрово од сплав дванаесет наутички милји јужно од ’Ртот Камењак, откако нивната едрилица била оштетена во бура. Во исто време, ненадејното поминување на фронт проследено со силни ветрови предизвика десетици бродови да се насукаат во областа Уније, Сушак и Лошињ. Во инцидентите нема повредени, објави Министерството за море, транспорт и инфраструктура.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новиот граничен систем на ЕУ се збуни од идентични близнаци
Следна Статија Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи

Светскиот туристички барометар покажува дека класичните дестинации за летен одмор како Шпанија, Грција и Турција привлекуваат најмногу туристи, но кога…

March 6, 2025
БАЛКАН

Илијана Јотова ја презеде функцијата претседател на Бугарија, по оставката на Радев

Оставката на претседателот на Бугарија, Румен Радев, е поднесена до Уставниот суд и шефот на државата го очекува неговото изјаснување,…

January 20, 2026
БАЛКАН

Хрватската старлета Ава Карабатиќ се кандидира за претседател?!

Старлетата Ава Карабатиќ ја објави својата кандидатура на претседателските избори во Хрватска и ја претстави својата програма во која има…

December 1, 2024
БАЛКАН

Бугарија доби нова редовна политичка Влада, предводена од Росен Жељазков

Народното собрание на Бугарија денеска ја избра новата Влада што ќе предводи премиерот Росен Жељазков. „За“ гласаа 125 пратеници, „против“…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?