Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица
СВЕТ

Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица

Објавено April 2, 2025 19:06
Сподели
Сподели

Владејачката хунта во Мјанмар денеска прогласи привремен прекин на огнот во граѓанската војна за да ги олесни напорите за помош по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, во кој според последните податоци загинаа повеќе од 3.000 лица.

Соопштението на високата воена команда е објавено денеска на државната телевизија МРТВ, во кое се наведува дека прекинот на огнот ќе трае до 22 април, а целта е да се изрази сочувство за луѓето погодени од земјотресот.

Претходно, групите на вооружениот отпор, кои се противат на воената власт, прогласија едностран прекин на огнот.

Овие групи мора да се воздржат од напади на државата или прегрупирања, бидејќи во спротивно армијата ќе ги преземе „неопходните“ мерки, се наведува во соопштението на армијата.

Претходно денеска спасувачите извлекоа живи тројца мажи од урнатините пет дена по земјотресот. Меѓутоа, спасувачките тимови најчесто извлекуваат мртви тела.

Земјотресот со епицентар во Мјанмар беше силно почувствуван и во Тајланд, а причинета е голема материјална штета.

Бројот на жртвите денеска се искачи на 3.003, а повредени се над 4.500 лица, објави МРТВ. Меѓутоа, претпоставките се дека крајните бројки ќе се многу поголеми.

Во Мјанмар веќе имаше хуманитарна криза поради граѓанската војна. Повеќе од три милиони луѓе се внатрешно раселени, а на повеќе од 20 милиони луѓе им беше потребна помош дури и пред земјотресот, наведуваат Обединетите нации

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Политико: Маск наскоро поднесува оставка
Следна Статија Во Охрид полицаец е фатен на работно место со дрога

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди турското летувалиште Аланија

Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Турција, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран…

December 4, 2024
СВЕТ

Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинаа најмалку осум лица, а над…

June 15, 2025
СВЕТ

Дали Зеленски го опцу Џеј Ди Венс- се појави нова снимка од скандалот во Белата куќа (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави ново видео од скандалот во Белата куќа, кој украинскиот претседател Володимир Зеленски го предизвика по…

March 1, 2025
СВЕТ

Германија ги предупреди граѓаните да се подготват за Трета светска војна

Германските граѓани се предупредени да се подготват за можна Трета светска војна со Русија, откако рускиот претседател Владимир Путин уште…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?