Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот
МАКЕДОНИЈА

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Објавено May 24, 2025 15:33
Сподели
Сподели

Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“.

Маршот ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Семејствата на настраданите бараат неселективна правда и ги повикуваат граѓаните да им се придружат.

Поддршка на маршот даде и движењето „Кој е следен?” кое организира бесплатен автобуски превоз од Скопје до Кочани.

Во четвртокот, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека за десетина дена треба да заврши истрагата и дека се испрашани над 300 лица. По завршување на истражните дејства, одбраната ќе има можност за увид во доказите, а обвинителниот акт се чека да биде готов во средината на јуни. Коцевски повтори дека се работи на собирање и на нови докази и посочи дека ако јавните обвинители откријат нови моменти, истрагата ќе биде проширена.

Во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март годинава, досега осомничени се 68 физички и три правни лица. Во пожарот загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени. Меѓу загинатите беа и членови на бендот „ДНК“ кои таа вечер имаа концерт во дискотеката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Семејствата на жртвите во дискотеката „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон
Следна Статија Нова авиолинија од Скопје до Ларнака од 31 октомври

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ивановска за претседателката на ДКСК осомничена во „Адитив“: Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на виделина

Собранието е институцијата која ги избира членовите во Државната комисија за спречување корупција, и очигледно тоа треба да спроведува поголем…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Санацијата во завршна фаза: За неколку часа стабилизација на водоводната мрежа во Скопје

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираат од ЈП „Водовод и…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос: Фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен…

January 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Се реконструира Калето: Ќе се вложат 130.000 евра за оживување на запуштените музеи и уредување на просторот

На Скопското Кале денеска започна акција за средување на вегетацијата, кој простор подолго време е обраснат со висока и сува…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?