Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова
ХРОНИКА

Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

Објавено May 9, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години. 

Случајот ќе го води судијката Снежана Марковска.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Објавена снимка од вечерашното пукање во кафуле во Штип
Следна Статија СЛАВА ИМ НА ХЕРОИТЕ: Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Внимавајте: Лажни финансиски советници мамат луѓе на социјалните мрежи

Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат…

December 6, 2024
ХРОНИКА

Паднаа скопски дилери

Полицијата со полни раце работа. Во текот на вчерашниот ден и рано утринава „паднаа“ скопски дилери. Денеска (24.11.2024) во 01.00…

November 24, 2024
ХРОНИКА

Почина поетесата Славица Свидерска

Со глабока тага и жалење ја информираме јавноста дека денеска, 12.11.2025 г. почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола), соопштија утрово…

November 12, 2025
ХРОНИКА

Претепан затвореник во КПУ „Идризово“

На 04.01.2025 година во 15.33 часот во Полициската станица Гази Баба од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека истиот…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?