Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Македонија канабисот е најчесто користена дрога, покажува најновото европско истражување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Во Македонија канабисот е најчесто користена дрога, покажува најновото европско истражување
ЗДРАВЈЕ

Во Македонија канабисот е најчесто користена дрога, покажува најновото европско истражување

Објавено May 19, 2025 11:21
Сподели
Сподели

Во Македонија канабисот е најчесто користена дрога, а потоа следат бензодиазепините, производите со CBD/ниско THC и кокаинот, покажува Европското веб истражување за дроги 2024 во Македонија кое го објави Институтот за јавно здравје.

Во истражувањето учествувале 862 испитаници, при што 53,3% се идентификувале како мажи и 45,6% како жени. Најзастапени возрасни групи биле 35-44 години (34%) и 25-34 години (29,9%), додека помладите лица (18-24 години, 17,6%) и постарите возрасни (45+, 18,2%) учествувале во помал број.

Мнозинството од испитаниците (56,9%) имале завршено високо образование, додека 41,3% биле со средно образование, што укажува на добро образован примерок. Само мал дел имале основно образование или подолу.

Во однос на работниот статус, 69,9% од испитаниците биле вработени со полно работно време, додека останатите биле или невработени, студирале или работеле со скратено работно време

Употребата на полисупстанци е честа појава, особено кај корисниците на канабис, кокаин и амфетамин, со честа истовремена употреба на алкохол и тутун. Многу корисници пријавиле користење на повеќе супстанции одеднаш, со што се зголемува ризикот од негативни здравствени ефекти, се вели во извештајот.

Мотивацијата за употреба на канабис била првенствено ослободување од стрес и релаксација, при што значителен процент од испитаниците го користеле и за социјализација, подобрување на спиењето и регулирање на расположението. Заедничката употреба со тутун и алкохол била честа појава, при што значителен број корисници на канабис пријавиле истовремена употреба на други недозволени дроги.

Дополнително, околу 53% од корисниците на канабис признале дека возеле возило во рок од четири часа по консумирањето, што предизвикува сериозни грижи за јавната безбедност. Ова претставува значителен ризик за безбедноста на патиштата и ја нагласува потребата од насочени кампањи за подигање на свеста, се вели во извештајот.

Иако употребата на нови психоактивни супстанции (НПС) останува релативно ниска, таа сепак претставува значителен ризик. Овие супстанции, често дизајнирани да ги имитираат ефектите на традиционалните недозволени дроги, постојано се развиваат, што ги прави регулативата и одговорите на јавното здравје попредизвикувачки. Половина од корисниците
на НПС пријавиле пријавиле дека ги консумирале супстанциите пет или помалку дена во изминатата година, додека помал дел користеле висока фреквенција (300+ дена).


Употребата на кокаин и амфетамин првенствено била поврзана со ноќниот живот, со високи стапки на истовремена употреба со алкохол, тутун и канабис. Употребата на кокаин била силно поврзана со социјализацијата, особено во клубовите, баровите и музичките фестивали, при што значителен дел од корисниците пријавиле негова употреба за намалување на ефектите од алкохолот.

Употребата на амфетамини за да останат будни и за подобрување на перформансите е забележителна, при што многу испитаници пријавиле употреба на работа и на забава. Овој тренд сугерира дека некои поединци користат амфетамини не само за рекреативни цели, уку и како алатка за подобрување на продуктивноста или издржливоста. Истражувањето
покажа дека додека повеќето корисници пријавиле повремена употреба, но забележлив дел (иако малку) пријавиле честа употреба, што претставува ризик од зависност и долгорочни здравствени компликации.

Екстази/МДМА останува дрога на избор за посетителите на забавите, а повеќето корисници ги консумираат во рекреативни услови, особено на музички фестивали и ноќни клубови. Значаен дел од корисниците пријавиле употреба на полисупстанци заедно со екстази, со вообичаени комбинации вклучувајќи алкохол, канабис и амфетамини.

Според извештајот мал е бројот на лица кои побарале помош и се пријавиле за третман и тоа само за неколку видови на дроги (на пример, 1,5% за употреба на канабис, 1,4% за употреба на хероин и тн.) во изминатите 12 месеци, и покрај индикациите за поголема потрошувачка. Најчести причини за избегнување третман биле стравот од стигма, правни последици и загриженоста за доверливост.

ИЈЗ апелира дека треба да се следат домашните и увезените пазари на канабис, бидејќи повеќето корисници не биле свесни за изворот или квалитетот на канабисот што го консумираат. Да се зајакнување контролата врз пазарите на дрога на интернет и социјалните медиуми, имајќи предвид дека зголемениот број корисници добиваат супстанции преку дигитални платформи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Победник на хрватските општински избори го прослави триумфот по гаќи (ВИДЕО)
Следна Статија Филипче: Антиевропски е заемот од Обединетото кралство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Лекарска комора: Д-р Кузмановски нема активна лиценца за работа, има поднесено барање за нејзино продолжување

Докторот Игор Кузмановски во моментов нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15-ти март годинава, но докторот…

October 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Три необични знаци кои може да укажуваат на мозочен удар една недела однапред

Благодарение на напредокот во лечењето, денес повеќе луѓе преживуваат мозочен удар. Една студија покажа дека дури девет од десет мозочни…

March 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Доктор Катерина Паниќ – Мирчовска нов в.д. директор на кочанската болница

По барање на повредени пациенти од трагедијата во Кочани, доктор Катерина Паниќ – Мирчовска е нов в.д. директор на кочанската…

June 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на uslugi.gov.mk

Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив…

January 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?