Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Антиевропски е заемот од Обединетото кралство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Антиевропски е заемот од Обединетото кралство
ПОЛИТИКА

Филипче: Антиевропски е заемот од Обединетото кралство

Објавено May 19, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја критикуваше Владата за договорот за заем со Обединетото Кралство, оценувајќи го начинот на заем како антиевропски. Тој истакна дека големите задолжувања за инфраструктурни проекти го оптоваруваат идниот развој на државата, додека економијата се соочува со зголемени трошоци за живот. Филипче, исто така, предупреди дека владината коалиција е во процес на распаѓање, а резултатот на локалните избори ќе го одредат граѓаните.

На денешната прес конференција во Социјалдемократскиот сојуз, Филипче искажа критики за најавениот договор за заем со Владата со Обединетото Кралство, истакнувајќи дека јавноста и политичките субјекти немаат доволно детали за ваков значаен финансиски аранжман.

„Владата има обврска да ги објави сите информации. Апсолутно го поддржуваме договорот за стратешка соработка, но начинот на заемот за вакви проекти ја бележи оваа влада како антиевропска“, изјави Филипче. Тој образложи дека наместо да го блокира патот кон Европската Унија, Владата треба да ги искористи можностите кои ги нуди ЕУ, како што се неповратните грантови.

Според него, големиот кредит за брзата железница север-југ, иако потребен за државата, отвора прашање за неговиот приоритет.

„Се става акцент само на Коридор 10. Да се земаат толкави кредити, а паралелно да се блокира европскиот пат, е некоректно. Се задолжуваат идните генерации за инфраструктурни проекти“, додаде Филипче.

Во однос на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за раст на економијата, тој истакна дека граѓаните најдобро ја чувствуваат реалноста преку секојдневните трошоци.

„Луѓето кога одат во маркет, сфаќаат каква е економската ситуација – платите не растат, цените дувеат. Инвестициите со кои владата се фали се всушност проекти изработени за време на нашата влада. Сега е само нивно време на реализација“, изјави Филипче.

Тој го коментираше и изборот на гувернер на Народната банка, потенцирајќи дека официјално нема информации за кандидатите.

„Тоа што се одолговлекува изборот е за мене знак дека има сериозен партиски притисок од ВМРО-ДПМНЕ“, рече лидерот на СДСМ.

Дополнително, тој ја потврди дека ќе има средба со Арбен Таравари, кој неодамна се повлече од ВЛЕН, за која рече дека е одложена за оваа недела, посоќувајќи оти владината коалиција се распаѓа само една година по нејзиното формирање.

Што се однесува до локалните избори, Филипче нагласи дека исходот ќе го одлучат граѓаните.

„Не се свесни за револтот и гневот кој луѓето го чувствуваат поради платите, трошоците, настаните од Кочани. Каков ќе биде резултатот можат да кажат само граѓаните – и ќе го кажат“, изјави Флипче.

Во врска со кандидатурите за градоначалници, рече дека СДСМ ќе ги објави првите имиња до крајот на месецов, со завршување на процесот на номинации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Македонија канабисот е најчесто користена дрога, покажува најновото европско истражување
Следна Статија Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните-модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Заврши средбата Мицкоски-Таравари: До крајот на мај ќе се знае иднината за функционирањето на АА во Владата

Во конструктивен дух заврши денешната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари. -Разговорите продолжуваат, во текот на овој месец…

May 5, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Резолуцијата со црвени линии е најсилната гаранција за државата, Мицкоски да си ја надмине суетата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанска трибина во Македонски Брод, го повика премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ,…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Савески почна со скандал, со поддршка за име од „тевтерчето“, обвини СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, денеска пред седиштето на Јавното обвинителство изјави дека мандатот на новиот јавен обвинител Ненад…

March 28, 2026
ПОЛИТИКА

Хајрулахи: Не може вечито да постои една Пржинска влада, општеството е созреано, веќе нема потреба од неа

Позитивно тоа што лека полека се трга тој багаж од минатото, за да се изгради едно цврсто општество во кое…

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?