Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
МАКЕДОНИЈА

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Објавено June 15, 2025 12:22
Сподели
Сподели

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.

Воедно, како што стои во соопштението на Министерството, се апелира до сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.

За помош и асистенција, граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Македонија во Тел Авив – Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 Е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk.

Понатаму, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736, Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk.

Оттаму додаваат дека во рамки на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција.

-На крај, уште еднаш ги повикуваме нашите државјани кои се наоѓаат во погодените региони, доколку им е потребна конзуларна помош, без одложување да се обратат на наведените СОС контакти, стои во соопштението на МНРиНТ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фото: Најдобриот центар во НБА ужива на „рафтинг“
Следна Статија Николоски и Трајановски на терен во надзор над работата за изградба на автопатот Охрид-Кичево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје трет најзагаден град во Европа, 23-ти во светот

Скопје се наоѓа на 23-то место според аерозагаденоста на светско ниво, и е трет по загаденост на воздухот во Европа…

January 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Не бегам, не молчам, не се кријам

Во Собранието почна расправата по интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“ поради тоа…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник, ќе се бориме за секој еден човек

Вопрвиот круг од локалните избори, коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои вкупно 33 градоначалници и уште во 26 општини…

October 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Каде новиот предлог-закон предвидува целосна забрана за пушење?!

Владата подготви нов, значително построг антипушачки закон со кој се предвидува целосна забрана за пушење во кафулиња, ресторани, барови, како…

January 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?