Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во најурбаните општини има најнизок опфат на вакцинација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Во најурбаните општини има најнизок опфат на вакцинација
ЗДРАВЈЕ

Во најурбаните општини има најнизок опфат на вакцинација

Објавено April 29, 2025 17:03
Сподели
Сподели

Важно да се подигне свеста за сето она што претставува превентива и имунизација. Ниту еден родител не треба да се соочи со пертусис и морбили, болести кои ги имавме во земјава во последниве неколку години и тоа токму поради намалување на опфатот за овие две вакцини, вели професорката Грозданова. Според последните податоци, зголемен е опфатот на имунизација во 2024-та година во однос на претходните три години, сепак и натаму загрижувачки е фактот за ниски стапки на вакцинација во урбаните средини.

„Имаме неколку скопски општини, во најурбаните, Центар, Карпош и Аеродром опфатот со оваа вакцина ни е навистина многу низок, под 60-70 %. И она што е битно да се знае, тоа нѐ доведува до висок ризик од појава повторно со епидемија со морбили. Затоа, пак, имаме општини во внатрешноста на Македонија, па дури и во некои скопски општини, каде што имаме и над 90% со истата вакцина, што значи дека родителите генерално имаат доверба во вакцинацијата во системот, но најверојатно влијанието на социјалните мрежи, на неточните информации, на дезинформациите доведуваат до тоа голем дел од родителите да бидат во забуна“, рече проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација.

„Иако имаме постигнато прогрес со вакцинацијата во Македонија, сè уште постојат пропусти и јазови за да се постигне тој колективен имунитет. Потребна е вакцинација во стапка од 90 до 95% и сѐ уште е потребно да го достигнеме тоа ниво“, порача претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер.

Го поддржуваме Министерството за здравство во напорите да ги организира мобилните тимови кои што ќе одат низ земјата во текот на периодот кој следи, велат од СЗО.

„Ова не е време за повлекување. Знаеме дека по епидемијата со Ковид имаше одредени прашања околу вакцинацијата, меѓутоа ова се базира на докази. Вакцинацијата спасува животи. Особено поддржувам секое младо момче и секое младо девојче во Северна Македонија да добијат ХПВ вакцина“, рече претставникот на СЗО, д-р Али Аким.

Во меѓувреме, Здравствен дом Скопје ќе организира повеќе активности во 39 населени места, во сите градски и приградски општини на Скопје за теренска вакцинација на деца кои ја пропуштиле поради различни причини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски ги прими семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Следна Статија Мицкоски-Бериша: Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат демократските сили на Балканот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Велес: Гинекологот и ја сошил матката со мочниот меур – ќе и плати 15.000 евра

Гинеколог од Велес на млада пациентка и ја сошил матката со мочинот меур за време на едно породување кое го…

January 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Аблација за коморна тахикардија ќе се прави на Клиника место во странство

Аблација за коморна тахикардија прват во државава е извршена на Универзитетската клиника за кардиологија. По тој повод Клиниката денеска ја…

November 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци во рамките на своите надлежности при вчерашниот вонреден инспекциски надзор на Детското…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈА

Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата

УХМР информира дека утре ќе се задржи сончево и топло време, но задутре, недела, под влијание на влажна и постудена…

September 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?