Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одобрен лек за рак, потенцијално делотворен против белодробната фиброза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Одобрен лек за рак, потенцијално делотворен против белодробната фиброза
ЗДРАВЈЕ

Одобрен лек за рак, потенцијално делотворен против белодробната фиброза

Објавено April 29, 2025 20:39
Сподели
Сподели

Денес сѐ уште нема лек за ова смртоносно заболување, но новите истражувања покажуваат дека одредени имунотерапии што се користат за лекување рак може да помогнат и во ова третирање на оваа болест.

Кај пулмоналната фиброза, позната и како идиопатска белодробна фиброза (ИПФ), третманите само го забавуваат нејзиниот напредок, без можност за запирање или враќање на претходната состојба. Се смета за болест на стареењето којашто зафаќа над три милиони луѓе ширум светот. Ретко се среќава кај помлади луѓе. Може да напредува брзо, предизвикувајќи оштетувања на белите дробови, во облик на „лузни“ што го отежнуваат дишењето. Притоа, околу половина од пациентите ѝ подлегнуваат на болеста во рок од три години од дијагнозата.

Истражувачите од Универзитетот Тулан во Њу Орлеанс, Луизијана, САД, открија потенцијален нов начин за лекување на ИПФ. Во напис во „Журналот за клинички истражувања“ (Journal of Clinical Investigation), се открива дека лек за рак, одобрен од надлежните власти може да му помогне на имунолошкиот систем да ги отстрани оштетените стари клетки што ги напаѓаат белите дробови.

Се работи за „Ипилимумаб“ – лек за имунотерапија којшто се користи за лекување на разни видови рак.

  • Ако функционира кај белодробната фиброза, овој пристап за обновување на имунитетот би можел да биде делотворен и кај други заболувања, како што се Алцхајмеровата или срцевите болести, за коишто е познато дека акумулираат стари клетки. Дали вистинскиот лек би можел да ги активира Т-клетките за да ги отстранат старите клетки без несакана штета? Ако е така, можеби сме поблиску до борбата против болестите поврзани со стареењето, па дури и до самото стареење, истакна д-р Виктор Таникал, професор на Универзитетот.

Истражувачите откриле дека овие стари клетки се акумулираат бидејќи природната способност на имунолошкиот систем да ги отстрани е блокирана. Причината е протеинот ЦТЛА-4 што делува како вид „кочница“ на имунолошкиот систем.

Користејќи „Ипилимумаб“, научниците успеале да го блокираат ЦТЛА-4 кај глувци. Ова ги ослободило Т-клетките (т.е. лимфоцитите), коишто имаат функција да ги отстранат старите клетки. Како резултат на тоа, глувците покажале значителни подобрувања во регенерацијата на ткивото на белите дробови и намалено создавање „лузни“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Најмалку 22 лица загинаа во пожар во ресторан во Кина
Следна Статија Филипче: Почнуваме процес на идентификување нови партнери за соработка за локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Медицинска сестра препорача (необични) трикови за ладење

Сo зголемувањето на температурите и топлотниот бран што го зафаќа поголемиот дел од Европа, многумина се борат со ефектите од…

June 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

Паметни часовници: Дали сум зависен од мојот дигитален придружник?

Дали навистина прават она што ветуваат или едноставно нè прават повеќе напнати?

December 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра

Нова микробиолошка лабораторија со капацитет за вршење над 20 000 анализи годишно, отвори денеска фабриката „Алкалоид“ АД Скопје. Како што…

December 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за урологија во Скопје почна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер

Универзитетската клиника за урологија во Скопје, започна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер, нова процедура, која досега…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?