Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Почнуваме процес на идентификување нови партнери за соработка за локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Почнуваме процес на идентификување нови партнери за соработка за локалните избори
ПОЛИТИКА

Филипче: Почнуваме процес на идентификување нови партнери за соработка за локалните избори

Објавено April 29, 2025 21:14
Сподели
Сподели

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница треба да го овласти претседателот на партијата Венко Филипче да бара партнери за соработка од албанскиот блок за локалните избори што треба да се одржат наесен.

Филипче во интервју за Алсат – М на прашање со кои од партиите од албанскит блок СДСМ би можел да соработува и со кој е поблизок, не прецизираше, туку само рече дека соработка ќе има со оние со кои делат исти вредности и принципи и со кои побрзо би можеле да ги исполнат ветувањата кон граѓаните.

-Во моментов ние немаме официјална коалиција со ниту една политичка партија од албанскиот блок, но денеска на ЦО на партијата согласно правилникот и роковникот кој ќе го донесеме за локалните избори се очекува партијата да ме овласти за разговори за коалиции. Потврдена е нашата коалиција во кој сме сега 16-17 партии и почнуваме процес на идентификување нови за локалните избори се разбира и во албанскиот блок, рече Филипче.

Ќе соработуваме, додаде тој, со секој со кој сме поблиску вредносно, со кој ќе покажеме взаемна почит и со сите со кои сметаме дека ветувањата и програмите пред граѓаните полесно ќе ги оствариме.

Во врска со анкетата за рејтингот на Маркет Вижн тој истакна дека е нарачана од Владата и оти тоа не се реални резултати.

-Сметаме дека тоа не се реални резултати, поради тоа што не се софпаѓаат со некои резултати од други извори. Имавме презентација на една друга анкета изработена од целосно независен институт. Имаме наша партиска анкета којашто ќе заврши и ќе биде целосно готова следната недела. Меѓутоа првичните резултати покажуваат дека вистинскиот рејтинг на партиите, таа разлика е далеку од тоа што Владата сака да го прикаже, рече Филипче.

На прашањето дали СДСМ е подготвена за избори, Филипче посочи дека партијата е подготвена за било какви избори, било тоа да се само локални или и локални и парламентарни избори.

Во интервјуто тој говореше и за трагедијата во Кочани и најави дека пратеничката група на СДСМ подготвува специјален Закон со кој ќе се обезбеди конкретна и директна поддршка за погодените семејствата на починатите и повредените во пожатот во дискотеката во Кочани.

Законот, кој ќе биде поднесен до Собранието следната недела, според Филипче, е изработен по пример на практики од повеќе земји во светот кои реагирале со слични мерки по големи несреќи. Тој предвидува финансиска и институционална помош за семејствата на настраданите, како и дополнителна поддршка за оние кои имаат повредени членови.

-Целта е да им се помогне на семејствата полесно да ги пребродат тешките моменти и трошоците што произлегуваат од трагедијата. Дополнително, ќе се понуди финансиска поддршка за зајакнување на системите таму каде што е потребно, нагласи Филипче.

СДСМ, додаде тој, останува отворен за дискусија за сите прашања поврзани со случувањата, но инсистира на објективност и одбива какви било обиди за политички конструкции и лични дискредитации.

Во однос на денешниот протест на родителите на загинатите деца во трагедијата, што се одржа пред Собранието, претседателот на СДСМ нагласи дека средбата со нив била остварена на нивно барање, без политичка заднина.

Тој посочи дека СДСМ не дава партиска поддршка на протестот и дека постои внатрешна насока во партијата да нема организирано присуство на протести, токму за да не се наруши автентичноста на реакцијата на граѓаните.

Филипче смета дека истрагата мора да опфати и актуелни функционери од МВР кои биле одговорни таа ноќ.

-Зошто во истрагата не се опфатени функционери на МВР кои имаат директна одговорност? Како било возможно малолетници да консумираат алкохол и да се користи пиротехника пред очите на припадници на МВР? Прашуваме конкретни прашања коишто нас нè тераат да мислиме дека истрагата е селективна, рече Филипче, посочувајќи дека СДСМ нема да се меша во истрагата.

Претседателот на СДСМ повтори дека е цврсто уверен во тоа дека единствениот начин да се постигне суштинска и видлива промена во системот е преку заедничка работа.

-Ние мора да бидеме свесни дека работите треба да функционираат поинаку. Подготвен сум и се залагам за тоа – и за Кочани, и за секоја друга тема. Политичките партии треба да работат заедно, во интерес и на барање на граѓаните – како што тоа сега јасно се бара, истакна Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одобрен лек за рак, потенцијално делотворен против белодробната фиброза
Следна Статија Ѓоковиќ го пропушта „Мастерс“ турнирот во Рим

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Чекањето за ЕУ е рецепт за изолација

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека државата е „подготвена да чека и децении“, а уставни измени нема да има без…

March 30, 2026
ПОЛИТИКА

Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека со назначувањето на Ефимија Димовска на чело на Развојната банка,…

February 28, 2026
ПОЛИТИКА

Mицкоски: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е многу зрела, точна, достоинствена, со многу предлози и проекти

„Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е многу зрела, многу точна, достоинствена кампања, којашто изобилува со многу предлози, со проекти, со стратегија, со…

October 17, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Бараме одговорност од Јаневска затоа што ги остави учениците без учебници

Министерката за образование Весна Јаневска, по неколкунеделните манипулации и уверувања дека на 1 септември секое дете ќе добие учебници, конечно…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?