Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Нови Сад шок бомби и нереди на комеморацијата за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Нови Сад шок бомби и нереди на комеморацијата за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица
БАЛКАН

Во Нови Сад шок бомби и нереди на комеморацијата за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица

Објавено September 2, 2025 08:42
Сподели
Сподели

Без инциденти доцна синоќа во Белград заврши комеморативната прошетка на десетици илјади демонстранти кои одбележаа 10 месеци од загинувањето на 16 луѓе откако се урна реновираната бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Демонстрантите се собраа на повик на средношколците во државата – повод за тој протест, што се одржа во градови во Србија, е десет месеци од падот на настрешницата на железничката станица, несреќа што доведе до масовни протести низ државата и блокади на високообразовни институции.

Средношколците носеа транспарент „Средношколците се сеќаваат“ и беше емитуван говор во кој тие потсетија на се што се случило во изминатите 10 месеци.

„Ќе продолжиме да стоиме исправено и доследно затоа што знаеме дека нашата борба е чиста и неопходна…ова е борба за нормален живот и иднината на сите нас…Полагаме бела роза, бидејќи образованието, културата и културно-историското наследство умираат, судството и правдата, слободните медиуми и вистината умираат. Полагаме бела роза, бидејќи луѓе се убиени“, беше наведено на протестот.

Обезбедувањето спречи инциденти бидејќи дел од колоната беше во близина на улицата и Пионирски парк во центарот на градот, каде што се наоѓаат шаторите на поддржувачите на властите. Во тој дел беа распоредени и припадници на жандармеријата.

Протести до доцна синоќа беа одржани и во Нови Сад, Алексинац,Вршац, Панчево, Суботица, Крагуевац, Ваљево, Чачак, Ниш…

Во Нови Сад доцна синоќа откако заврши протестот интервенираше полицијата.

Според нив – тие „реагирале навремено и професионално кон поголема група од околу 280 лица кои, по ненајавена прошетка низ улиците на Нови Сад, намерно се собрале пред главниот влез на Факултетот за спорт и физичко образование со намера насилно да влезат во просториите на факултетот“. Полицијата соопшти дека еден полицаец е повреден откако кон нив било фрлано со разни предмети и дека три лица се приведени.

Во видеа објавени на социјални мрежи, како и според извештаи на новинари и сведоците, како што јавија српски медиуми –  се случило токму спротивното, полицијата фрлала шок бомби кон граѓаните, а потоа почнала да растерува луѓе низ околните улици.

Непосредно пред полноќ, имаше извештаи дека полицијата применува сила врз граѓани и студенти без очигледна причина, и дека универзитетскиот кампус бил опкружен од бројни припадници на полицијата и жандармеријата.

Илјадници жители на Нови Сад мирно им оддадоа синоќа почит на жртвите од трагедијата.

Сите факултети во Нови Сад го осудија однесувањето на полицијата и „неразумната и непотребна употреба на сила“ во објави на Х. Медицински факултет објави: „Ударите во глава со палки нема да не натераат да заборавиме колку ви се крвави рацете!“ Затоа Нови Сад ги боли, затоа нас не мразат“, напишаа студентите.

Студентите на Факултетот за електроника напишаа, заедно со видеа од полициско насилство, „Полицијата од ДИФ на Нови Сад буквално почна да ги брка луѓето низ градот. Без причина. Целта е страв и

Студентите на Техничкиот факултет во Нови Сад напишаа: „Вечерва, на 10 месеци од падот на настрешницата, откако граѓаните мирно оддадоа почит и се вратија во своите домови, жандармеријата без никаква причина ги нападна луѓето во близина на кампусот.

Луѓето што шетаа по улиците беа нападнати со палки, многумина беа повредени и завршија во Ургентниот центар. Ова не е инцидент, ова е намерно измислено полициско насилство, оркестрирано токму на овој ден, како порака дека државата не простува сеќавање, достоинство или слобода“, беше објавено на Х.  ништо друго“.

Протестите во август, кои избувнаа со обновена сила, резултираа со судири меѓу демонстрантите и полицијата, како и со апсење на демонстранти. Во мај оваа година, демонстрантите покренаа барање за предвремени парламентарни избори, но ултиматумот беше одбиен.

Уривањето на бетонската настрешница предизвика масовни протести низ цела Србија, по што следеа блокади на државните универзитети низ целата земја.

Судската постапка се уште не е започната, а истрагата на обвинителството е запрена поради барањето на еден од осомничените, поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, за изземање на главните обвинители во обвинителствата во Нови Сад, како и државната обвинителка Загорка Доловац.

Обвинителството за организиран криминал на 1 август објави дека шест лица се уапсени во врска со истрагата за финансиските текови поврзани со проектот „Модернизација и реконструкција на унгарско-српската железница на релацијата Нови Сад-Суботица – државна граница (Келебија)“.

Меѓу уапсените се и Томислав Момировиќ, поранешен министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура во периодот од октомври 2020 до октомври 2022 година, и Анита Димоски, поранешна вршител на должноста помошник-министер во тоа министерство и раководител на Секторот за железници и интермодален транспорт во периодот од ноември 2020 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин: Време е традиционалните вредности да се вратат на меѓународната агенда
Следна Статија Игор Џамбазов го пречека единственото прваче во училиштето во Маврови Анови (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Исто како Заев: Српските студенти кандидати за Нобелова награда

Студентитe од Србија и официјално се кандидати за Нобеловата награда за мир, напиша писателот и драматург Синиша Ковачевиќ на социјалната…

January 31, 2025
БАЛКАН

Не оставајте пешкири или лежалка на грчките плажи оти има ненајавени акции за отстранување

Општина Касандра, на првиот крак на Халкидики вчера и денеска продолжи со вонредните и ненајавени акции за отстранување на нелегално…

July 30, 2025
БАЛКАН

Демонстранти водени од европратеникот Џамбаски упаднаа во театар во Софија со тепање да спречат претстава на Џон Малкович, оти била антибугарска

Стотици граѓани синоќа ги окупираа влезовите на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија , а некои од нив влегоа внатре…

November 8, 2024
БАЛКАН

Блокираат раскрсници: Откако им пропадна протестот, блокадерите не се откажуваат

Насилството  на т.н блокадери во Србија добива на интензитет! Откако предизвикаа во саботата група екстремисти организира обид за дестабилизација  Со…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?