Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во овој европски град еспресо чини 6 евра: Жителите најмногу трошат на кирија и храна, а просечната плата им е околу 4.500 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Во овој европски град еспресо чини 6 евра: Жителите најмногу трошат на кирија и храна, а просечната плата им е околу 4.500 евра
ЗАБАВА

Во овој европски град еспресо чини 6 евра: Жителите најмногу трошат на кирија и храна, а просечната плата им е околу 4.500 евра

Објавено September 4, 2025 08:32
Сподели
Сподели

Исланд во последниве години привлекува сѐ повеќе туристи од целиот свет.Заситените дестинации и масовниот туризам ги тераат луѓето да ја истражат мистериозната земја на Викинзите во која огнот и мразот се најдобрите пријатели, да ги посетат плажите со црн песок, да се капат во Сината лагуна и да уживаат во мирот покрај Северното море.Локалната култура и гастрономијата имаат посебно место на туристичката мапа.

 

 

 

Стандардот е добар, па и цените се исто така високи, но тоа не им пречи на туристите и локалците за да можат да уживаат во „скапото кафе“.На Исланд живеат околу 400.000 жители, таму кафето има посебно место во нивната нордиска култура. Би можеле да кажеме дека заедничко за Исланд и Балканот е токму пиењето кафе.Жена од Балканот со име Љупка која три години живее и работи во Рејкјавик, главниот град на оваа островска земја, го споделила своето искуство.

 

„Te og Kaffi?“Популарната кафетерија „Старбакс“ минатата недела била отворена на Исланд, па сега се наметнува прашањето зошто претходно не дошло до отворање на таков локал на Исланд?Една од причините е и тоа што жителите многу го ценат локалното искуство и автентичноста на производите. Веста сепак одекнала низ Рејкјавик, а како што вели Љупка имало многу метеж на отворањето на кафетеријата.

 

 

 

„Во Рејкјавик цената на кафе е речиси секаде иста. Најевтино е еспресото и чини 6 евра“, рекла таа.Интересно е тоа што цената на еспресото во „Старбакс“ е пониска за разлика од останатите локали и чини околу 5 евра.Цените на кафињата на Исланд се многу повисоки за разлика од Балканот, но таму просечната плата изнесува околу 4.500 евра.

 

Киријата и храната на Исланд се најголемиот трошок, но за сметките имаат едно олеснување.Исланд над 90 отсто од своите потреби ги раздолжува благодарение на геотермалните извори, па граѓаните плаќаат осум пати пониски сметки за греење во споредба со земјите на северот од Европа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Која земја во Европа има најниска минимална плата?
Следна Статија Угина гибонката Софи од ЗОО Скопје, потврдена туберкулоза

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Во ноември овие хороскопски знаци ги чека луда среќа

За нив започнува период на неверојатна среќа и успех, месец ноември ќе биде нивниот месец од соништата. Според астролозите, ноември…

November 4, 2025
ЗАБАВА

Maрија Шерифовиќ го покажа синот

Пејачката Марија Шерифовиќ го покажа синот.Марио веќе не е бебе и ползи и и си игра на подот.Мајката објави фотографија…

December 27, 2024
ЗАБАВА

Овој пијалок ќе ве препороди ако сте претерале со јадење и пиење!

Според некои истражувања, во текот на празниците внесуваме околу 4.500 калории дневно. Ако нашиот организам не е подготвен на тоа,…

January 2, 2025
ЗАБАВА

Ема Вотсон студира на Универзитетот Оксфорд, има за цел да стане доктор по филозофија

Ѕвездата на Хари Потер, Ема Вотсон, има за цел да стане доктор по филозофија откако ќе започне со диплома за…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?