Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Угина гибонката Софи од ЗОО Скопје, потврдена туберкулоза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Угина гибонката Софи од ЗОО Скопје, потврдена туберкулоза
МАКЕДОНИЈА

Угина гибонката Софи од ЗОО Скопје, потврдена туберкулоза

Објавено September 4, 2025 08:35
Сподели
Сподели

Зоолошката градина Скопје известува дека на седумгодишна возраст угина гибонката Софи.

-Софи пред 12 дена пројави симптоми на малаксаност и отежнатост во движењето при што од страна на стручен ветеринарен тим беше веднаш реагирано и започна со примање на терапија и направени беа лабараториски дијагностики. Нејзината состојба беше секојдневно следена и очекувавме подобрување, но во неделата ситуацијата одеднаш се влоши и иако нашиот тим направил се во моментот за реанимирање, за жал таа не издржа. Денеска ги добивме и наодите од Факултетот за ветеринарна медицина по направените испитувања околу причините за угинувањето каде што се вели дека Софи од видот белорак гибон била позитивна на Mycobacterium tuberculosis complex (MTBC) според направена PCR метода на Институтот за ветеринарна медицина. По добиените резултати,веднаш е известена Агенцијата за храна и ветерина и од наша страна се превземени мерки за дезинфекција и поставување дез бариери. Живеалиштето на гибоните е изолирано од други животни, а ќе бидат направени и дополнитени испитувања на останатите единки од групата, објавија од Зоо Скопје.

Од таму додаваат дека вакви случаеви на заболување кај животни се појавуваат во сите светски зоолошки и ова не е изолиран случај само од скопската зоолошка.

-Софи беше чувана со многу љубов, постојано весела и една од најактивните гибони, движејќи се секојдневно по дрвјата на езерцето. И за нас вработените, нејзиното заминување е шок, направивме се што можевме, но како и кај луѓето понекогаш болеста не може да се спречи, стои во објавата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во овој европски град еспресо чини 6 евра: Жителите најмногу трошат на кирија и храна, а просечната плата им е околу 4.500 евра
Следна Статија Елиф Елмас: Саудиска Арабија е одлична увертира за тоа што ни следува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

РКЕ се огласи по кривичната пријава за Марко Бислимовски

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) и претседателот Марко…

January 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Штетите од силното невреме ќе се рефундираат од надлежните институции

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со вчерашното невреме, истакна дека градоначалниците со нивните тимови…

July 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на скопскиот Клинички центар

Компанијата „Ѓока констракшн“ од Албанија преку јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар – Мајка Тереза, потврди министерот…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Активни пет пожари- и понатаму гори кај селото Николиќ

Пет активни пожари на отворен простор има денеска на територијата на Македонија. Пожарот кај селото Николич, Општина Дојран, каде што…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?