Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Платежната агенција доби ново раководство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Платежната агенција доби ново раководство
МАКЕДОНИЈА

Платежната агенција доби ново раководство

Објавено November 18, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Даниела Лазарова Иротова е нов директор на Платежната агенција. Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Лазарова Иротова е поранешен државен советник во Министерството за земјоделство, а на функцијата директор е назначена минатата недела, на последната Владина седница.

-На последната Владина седница минатата недела е назначен нов директор на Платежната агенција кој од денеска стапува на должност и ќе ги движи процесите во нормален тек за да не се појави паника или загриженост кај земјоделците, туку ќе продолжиме со тековно работење на Агенцијата, изјави вчера Трипуновски по посетата на Тутунскиот комбинат – Прилеп.

Како што истакна Трипуновски, средствата од ИПАРД 3 не се стопирани од Брисел, туку од нашите институции, за дополнително да се провери што се случувало во Платежната агенција.

-Проверките ги прави посебното тело во состав на Министерството за финансии. Колку ќе трае контролата не можам да кажам, но за многу скоро ќе се излезе со официјален податок. Повторувам, кога ние ја носиме одлуката за стопирање, ние ја носиме и одлуката за деблокирање на самиот процес, потенцира Трипуновски.

ИПАРД 3 програмата е проектирана на 128 милиони евра и треба да трае од 2021 до 2027 година. Лазарова Иротова, пак, доаѓа на местото на Илија Стоилев кој беше приведен поради земање мито.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин
Следна Статија Извештај: Мајкл Пениx Џуниор ќе биде ставен на резервна листа поради повреда на ACL

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Митева: Целта е да се трансформираме во дигитално општество

Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да…

November 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сашко Коцев повредил полицаец и потоа побегнал со возилото – Актерот тврди дека ништо сериозно не се случило

Актерот Сашко Коцев вчера повредил полицаец, извести скопската полиција. Според МВР, околу 19.15 часот, во Скопје, на подрачјето на Центар,…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Верниците од исламска веросиповед во земјава го слават Рамазан Бајрам

Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд нема да коментира ничии ставови: Седницата за Законот за јазици е закажана за 11 декември

Од Уставниот суд велат дека нема да коментираат ничии ставови поврзани со предметот за Законот за употреба на јазиците. Седницата…

December 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?