Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински: Нема заборавени места во Македонија, Владата го поддржува рамномерниот развој
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Перински: Нема заборавени места во Македонија, Владата го поддржува рамномерниот развој
МАКЕДОНИЈА

Перински: Нема заборавени места во Македонија, Владата го поддржува рамномерниот развој

Објавено February 27, 2025 17:16
Сподели
Сподели


„Во Македонија нема заборавени места – рамномерниот развој е наш императив, сакаме да ја зголемиме економската и социјалната стабилност во државата,“ истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во гостувањето во емисијата „Програма на градови“ на првиот канал на Македонската телевизија. Тој зборуваше за тековните теренски активности во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“. Перински нагласи дека секојдневното функционирање е динамично, но тоа дополнително ја зголемува мотивацијата за интензивирање на работата на терен. Како пример, го посочи денешното присуство во Неготино, каде што се реализираат два од трите проекти за кои општината доби финансиска поддршка од централниот буџет преку првиот повик за финансиска помош за општините.

„Навистина сум среќен што конечно проектите што ги издвоивме веќе го гледаат светлото на денот. Имаше многу предизвици, но докажавме дека нема неразвиени и занемарени региони – рамномерниот развој е клучен за иднината на државата“, изјави министерот. Тој потенцираше дека градоначалниците сега имаат можност да реализираат капитални инфраструктурни проекти со значајна поддршка од централниот буџет. „За проектите што беа подготвени, но немаа финансиски средства, сега создадовме можност. Големо е задоволството што гледаме конкретни резултати – се гради, се развива, а задоволството на граѓаните ни е потврда дека политиките се поставени на здрава основа“, заклучи Перински.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Унгарски специјалци во Република Српска
Следна Статија Тенисерите на турнирот во Акапулко имале проблеми со гасови и надуеност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кога Папата Франциск ја посети Македонија (ВИДЕО)

Папата Франциск ќе остане запаметен и во нашата историја како прв поглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил Македонија. На…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од утре температури до -14 степени, доаѓа суво и студено време

УХМР информира дека следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат…

January 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски

Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски, објави Антонио Милошоски…

February 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Велики петок, најтешкиот ден во годината

Денеска е Велики Петок- ден од Страдалната Седмица, христијански празник на денот кога е распнат Исус Христос. Овој ден е…

April 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?