Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тенисерите на турнирот во Акапулко имале проблеми со гасови и надуеност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Тенисерите на турнирот во Акапулко имале проблеми со гасови и надуеност
СПОРТ

Тенисерите на турнирот во Акапулко имале проблеми со гасови и надуеност

Објавено February 27, 2025 17:26
Сподели
Сподели

Дури тројца од четворицата најдобро рангирани тенисери на АТП 500 турнирот во Акапулко беа принудени да се повлечат или да ги предадат натпреварите од второто коло поради дигестивни проблеми. Норвежанецот Каспер Руд и Американецот Томи Пол воопшто не излегоа на теренот, додека Данецот Холгер Руне го предаде дуелот по три гема.

Организаторите на турнирот сè уште не се огласија со објаснување како дошло до оваа епидемија меѓу играчите.

„Се надевав дека ќе ја победам оваа стомачна болест која се појави вчера, објави Руд на Инстаграм, додавајќи дека до последен момент се обидувал се што може за да игра против 19-годишниот Мексиканец Родриго Пачеко Мендез (АТП – 355.), кој на тој начин првпат во кариерата стигна до четвртфиналето на АТП турнејата.

Томи Пол не успеа да игра и против сонародникот Маркос Жирон, кој во четвртфиналето ќе се соочи со Канаѓанецот Денис Шаповалов, 32-ри на АТП-листата и втор најдобро рангиран тенисер од преостанатите осум на турнирот.

Четвртиот носител Холгер Руне одлучи да излезе на теренот, но му го предаде мечот на Американецот Брендон Накашима откако ги загуби првите три гема.

„Лут сум и тажен во исто време. Добив труење со храна и не можев да играм денеска. Дефинитивно не го сакав овој крај“, објави Руне на социјалната платформа 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Перински: Нема заборавени места во Македонија, Владата го поддржува рамномерниот развој
Следна Статија Јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славица Петровска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Данска ќе го бранат светското злато, во полуфиналето ја декласираа Португалија

Ракометарите на Данска ја декласираа Португалија со резултат 40:27 (20:16) во полуфиналето на Светското првенство. Актуелниот светски и олимписки шампион…

February 1, 2025
СПОРТ

Македонските фудбалери продолжуваат со подготовките пред мечот во Вадуц

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и неговиот стручен штаб работи во навистина тешки и вознемирувачки услови поради целата…

March 19, 2025
СПОРТ

Трагедија: Фудбалер почина по пад од 11 кат

Напаѓачот на Габон, Арон Бупенџа, почина во Кина по пад од зграда од 11. кат, објави „Fanatik“. Смртта на играчот…

April 16, 2025
СПОРТ

Хамилтон, добредојде во црвеното семејство

Британскиот Формула 1 возач, Луис Хамилтон од денеска и официјално стана член на тимот на Ферари, со кого пред неколку…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?