Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Охрид полицаец е фатен на работно место со дрога
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во Охрид полицаец е фатен на работно место со дрога
ХРОНИКА

Во Охрид полицаец е фатен на работно место со дрога

Објавено April 2, 2025 19:13
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против А.М., полициски службеник во ПСОН Охрид при СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори “ по член 215 став 1 од КЗ.

Во временскиот период кога полицискиот службеник А.М. бил предвиден за работа и извршувал работни задачи на обезбедување на вила Бела (поранешна вила Македонија), сопственост на Министерството за внатрешни работи, од страна на вработени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди бил извршен преглед врз А.М. и работната просторија- стражарската куќарка, при што од прегледот во работната просторија, на работната маса била затекната метална лажица во која имало бела прашкаста материја, хартиена салфетка во која имало бела прашкаста материја и мало пластично шише со нн течност, со импровизирана цевка од банкнота од 10 денари, затворено со алуминиумска фолија на отворот на шишето, на која имало остатоци од нн материја.

Од страна на вработени од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди А.М. бил известен за потребата од испитување за присуство на матаболити од наркотични средства во урината во Институтот за судска медицина во Скопје.

Од страна на доктор на Итна медицинска помош Охрид било утврдено дека А.М. е во добра општа состојба и може да патува во Скопје, но истиот одбил да соработува со вработените на Одделот и да се подложи на испитување.

Против А.М. од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе е покрената дисциплинска постапка и задолжителна мерка за отстранување од работното место- суспензија од работното место.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица
Следна Статија Четири хороскопски знаци кои се заљубуваат најбрзо!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

20-годишниот Македонец кој се удави во Ханиоти имал срцев удар, откри спасувачот

Во бессознание бил извлечен од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, 20-годишен македонски државјанин, по што…

June 26, 2025
ХРОНИКА

Мигрант починал на една од скопските клиники

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера наутро од Клиниката за нефрологија бил донесен 41 годишен мигрант. „21.11.2025 во 07:50…

November 22, 2025
ХРОНИКА

Двајца странци го оставиле багажот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Швајцарскиот државјанин Рафаел С. (роден 1987) година, влезен во Македонија со швајцарска патна исправа на 1-ви октомври со лет од…

October 9, 2025
ХРОНИКА

Косовски државјанин приведен за поткуп на Блаце, му дал 10 евра на цариникот

Косовски државјанин е уапсен на ГП Долно Блаце за поткуп. Според информациите на МВР, тој во пасошот ставил 10 евра…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?