Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Париз почна итниот состанок за Украина, се огласи Кремљ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во Париз почна итниот состанок за Украина, се огласи Кремљ
СВЕТ

Во Париз почна итниот состанок за Украина, се огласи Кремљ

Објавено February 17, 2025 19:11
Сподели
Сподели

Десетина лидери на европски земји пристигнаа во понеделникот во Елисејската палата на итен состанок за Украина и одбраната, додека американскиот претседател, Доналд Трамп, се подготвува директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.


Средбата се одржува на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон, кој телефонски разговарал со Трамп пред собирот во Париз, соопшти Елисејската палата.

Неколку лидери од клучните европски земји, вклучително и британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Олаф Шолц и полскиот премиер Доналд Туск, му се придружија на Макрон во Елисејската палата. Учествуваат и лидерите на шпанската, италијанската, холандската и данската влада, ЕУ и НАТО.

Засега не се знае дали по разговорот ќе споделат детали со новинарите.

Макрон ја организираше средбата за да започне консултации за ситуацијата во Украина и предизвиците што таа ги поставува за безбедноста во Европа.

Средбата беше договорена за кратко време за време на безбедносната конференција одржана во Минхен минатиот викенд, по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин.

Земјите од ЕУ и Украина се загрижени поради можноста САД и Русија да се обидат да постигнат билатерално мировно решение.

„Безбедноста на Европа се наоѓа во пресвртница“, напиша на Твитер претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по нејзиното пристигнување во француската престолнина, каде што е присутен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Непосредно пред почетокот на разговорите, Емануел Макрон телефонски разговараше со Трамп, кој го посеа хаосот во Европа разговарајќи со Владимир Путин минатата недела за да започне големи дипломатски акции поврзани со војната во Украина, пренесе „Јутарњи“.

Состојбата ја вжешти изјавата на американскиот претставник за Украина Кит Келог кој јасно стави до знаење дека Вашингтон не сака Европејци на преговарачка маса.

Кризниот состанок ги отвора дипломатските активности кои ќе продолжат со американско-руските преговори закажани за вторник во Саудиска Арабија, каде што пристигна американскиот државен секретар Марко Рубио.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, ќе отпатува во Саудиска Арабија во среда, откако предупреди дека неговата земја нема да признае каков било договор постигнат без Украина.

Премиерот Стармер рече дека ќе се сретне со Доналд Трамп во Вашингтон следната недела.

Русија го поздрави итниот самит за војната во Украина, организиран од францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

Би било добро разговорите меѓу европските лидери да бидат за ставање крај на конфликтот, а не за негово продолжување, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од руската новинска агенција Интерфакс.

Русија постојано тврдеше дека војната, која ја започна пред речиси три години, се продолжува со испраќање западно оружје во Украина.

Песков го нарече тешко прашањето за можното распоредување на европски мировни сили во Украина, за кое во моментов се разговара во Франција и Велика Британија, бидејќи во него ќе бидат вклучени вооружени сили од земјите-членки на НАТО.

Постојат правила за такво распоредување, нагласи портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

„Но, засега нема конкретни разговори за тоа“, рече Песков.

Британскиот премиер, Кир Стармер, изјави во неделата дека е подготвен да испрати војници во Украина доколку се покаже дека е неопходно за да се обезбеди безбедноста на Велика Британија и Европа.

Но, неколку лидери на европските земји рекоа дека е премногу рано да се разговара за таква одлука.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Салах не му се оди од Ливерпул
Следна Статија K-15 – Soobrakajka

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Џинпинг вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден

Кинескиот претседател Си Џинпинг вети дека ќе работи со владата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неговиот последен разговор…

November 17, 2024

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека наскоро постхумно ќе му го додели Претседателскиот медал на слобода на американскиот патриот…

September 11, 2025
СВЕТ

Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул в понедленик

Русија денеска соопшти дека составила мировен „меморандум“ во кој ги наведува своите услови за прекин на конфликтот со Украина и…

May 28, 2025
СВЕТ

Трамп: Мора да се справиме со радикалните левичарски лудаци

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави пред новинарите дека „едноставно мора да ги победиме до бесвест“ „радикалните левичарски лудаци“, по…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?