Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во петок се очекува да биде свикана собранискатa Комисија за избор на претседател на ДКСК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во петок се очекува да биде свикана собранискатa Комисија за избор на претседател на ДКСК
МАКЕДОНИЈА

Во петок се очекува да биде свикана собранискатa Комисија за избор на претседател на ДКСК

Објавено November 18, 2025 15:48
Сподели
Сподели

Во Собранието денеска почна со работа Комисијата за селекција на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата во состав на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. За претседател на ДКСК пријавени се 10 кандидати.

Претседателот на Комисијата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски информира дека во петок ќе биде свикана седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на која ќе биде изгласан кандидатот по донесувањето на одлуката од членовите на Комисијата за селекција.

-Првично имаше пријавено 13 кандидати за оваа позиција. Едниот кандидат ги повлече документите, а Комисијата по административната проверка заклучи дека двајца кандидати не ги исполнуваат условите. Во моментов има десет кандидати кои ги исполнуваат условите. Денеска започнуваме со интервју со пет од нив, а утре ќе продолжиме со останатите пет. И планот е во петок да биде свикана собраниската Комисија за избори и именувања и претседател на ДКСК да биде избиран по оценувањето на Комисијата за селекција, рече тој.

Стојаноски нагласи дека по завршувањето на интервјуата на десетте кандидати, односно во четврток членовите на Комисијата за селекција на кандидатите треба да се соберат и да донесат одлука за рангирање на кандидатите соодветно и да ги оценуваат секој член на Комисијата посебно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детската клиника во Скопје доби медицинска опрема вредна околу 2,7 милиони денари
Следна Статија За четири години во државава биле пријавени 508 случаи на сексуално насилство и вознемирување деца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Хоџа: Со инвестиција од 11 милиони евра, доделуваме опрема за селекција на отпад на 18 општини во Пелагонија и Југозападниот регион

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес од Новаци, најави дека управувањето со отпадот и намалувањето на…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

ИЈЗ: Нема радиоактивност во воздухот и почвата во Трубарево, ниту тешки метали во водата

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје и во неделата (14.09.25) беа земени примероци, мостри од страна…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сашко Кедев добитник на плакетата за „Европска личност на годината“ за 2025 година

На интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко Кедев денеска му беше доделана плакетата за „Европска личност на годината“ за…

May 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Внимателно во шумите ќе се фрлаат вакцини против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство започна втора овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивори против беснило, со…

December 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?