Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Прилеп се одржа Божикен ручек за 500 деца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Прилеп се одржа Божикен ручек за 500 деца
МАКЕДОНИЈА

Во Прилеп се одржа Божикен ручек за 500 деца

Објавено January 7, 2026 16:44
Сподели
Сподели

Околу 500 деца од речиси цела Македонија денеска во Прилеп седнаа на заедничкиот, традиционален, Божикен ручек. Насмевки, радост од заедништвото и многу желби и пораки испратија најмладите кои се и во симболиката на празнувањето на Христовото раѓање.

-Убаво е да се дружиме со децата. Во новата година јас посакувам многу здравје, среќа и љубов и да бидеме здрави и живи. Не сакам ништо материјално, мене ми треба само љубов, рече десетгодишниот Давид Котески од Прилеп, кој беше на заедничкиот Божикен ручек.

Божикниот ручек под мотото „Едно небо за сите деца“ по јубилеен, 20-ти пат го организира невладината „Детска амбасада за сите деца во светот“.

– Атмосферата е прекрасна. Имаме деца од Прилеп, од Битола, Охрид, Струмица, од Скопје, Тетово и од други места, од различни целни групи и од сите верски конфесии. Целта е децата да не познаваат разлики меѓу нив, да има толеранција и да растат другарството и заедништвото, рече Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на невладината „Детска амбасада за сите деца во светот“ со седиште во Прилеп.

Епископот Велички Никола го благослови ручекот и рече дека ние возрасните треба да побараме прошка од децата и да го направиме светот подобар.

-Како што денеска дојдовме во храмовите да се поклониме на богомладенецот Христос, така дојдовме овде да се поклониме над чистотата и убавината на детската возраст, и, како возрасни, да побараме прошка од децата бидејќи светот кој ние го создадовме не е баш најубав и уште многу можеме да правиме, секој од нас, најпрво преку личното преобразување и да направиме овој свет што им го оставаме на идните генерации да биде подобар, порача епископот Велички Никола.

Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски нагласи дека оваа традиција локалната самоуправа ја поддржува и на децата им подели новогодишни пакетчиња.

-Остануваме поддржувачи на овој настан и се надевам дека ваквата детска радост ќе ја има одбележи целата 2026 година, рече Проданоски.

На свеченоста беа поделени плакети и признанија на сите што го поддржуваат овој настан, носител на Орденот на мирот што се доделува секоја година, годинава е за Гордана Нацева.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Евакуирани 60 лица од поплавени станбени објекти во Кичево
Следна Статија Данската војска е во состојба на готовност ако САД го нападнат Гренланд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја сподели пресудата: Апелациониот суд утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во објава на Фејсбук, информираше дека Апелациониот суд со правосилна пресуда утврдил дека, како што вели,…

December 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Четири телевизии го прекршиле изборниот молк на повторените локални избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска излезе со официјална потврда дека четири национални медиуми ги прекршиле законските…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Голема поплава во Влае поради пукната цевка – без вода останаа неколку населби во Скопје

Вечерва во скопската населба Влае пукна една од главните водоводни цевки, предизвикувајќи голема поплава на неколку улици. Водата навлезе во…

October 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Да ги обновиме вредностите на Свети Климент – смирение, знаење и заедништво

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до верниците од православна вероисповед по повод државниот празник Свети Климент Охридски. „Денес, на 8…

December 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?