Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Скопје ниту една дискотека или кабаре нема лиценца за работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во Скопје ниту една дискотека или кабаре нема лиценца за работа
ЕКОНОМИЈА

Во Скопје ниту една дискотека или кабаре нема лиценца за работа

Објавено June 28, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Се подготвува нов закон за угостителска дејност во кој се предвидени задолжителни одредби за контрола и кривична одговорност доколку некој несовесно врши угостителска дејност, соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски.

На прес-конференција во Владата, Стојкоски посочи дека казните ќе бидат поригорозни и ќе биде предвидена кривична одговорност за сопствениците на угостителски објекти доколку прекршат одредби од законот.

Угостителскиот сектор може и мора да бдие пример за легален, одговорен и конкурентен бизнис, рече Стојкоски.

Врз основа на посточкиот Закон за угостителска дејност извршени се вкупно 2.675 надзори и издадени 879 прекшочни платни налози и 79 решенија за привремена забрана за вршење на дејност. Од 17 март до 15 јуни годинава, пак, извршени се 1.713 надзори и издадени 716 прекшочни налози и 60 решенија за привремена забрана за вршење на угостителска дејност.

Директорот на ДПИ тврди дека се постапува неселективно и дека констатирани се забелешки од типот немање лиценци за работа, несоодветни услови, односно неисполнување на минималните технички услови за работа, пречекорување на работното време….

Според податоците на ДПИ, во главниот град нема ниту еден објект валидна лиценца за кабаре или диско клуб, додека на ниво на цела држава има 14 валидни лиценци.

Од 1 ноември лани до 15 јуни годинава, ДПИ извршил вкупно 17.359 надзори на ниво на цела држава и издадени се 4.542 платни налози во вкупна вредност од 110 милиони денари.

Во овој период спроведовме широк опсег на редовни и вонредни надзори на цела територија. Работевме на терен, присутни таму каде што системот пред нас толерирал хаос, неправди и сива економија. Нашата работа не беше селективна, секој објект без разлика на локација и сопственост беше еднакво подложен на контрола. Фокусот беше троен – спречување на нерегистрирани објекти и работа без лиценци, заштита на потрошувачите од несодветни услови и подигнување на нивото на почитување на законските одредби. Нема повеќе „за свои се е доволено, а за другите казни“, рече Стојкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Движењето ЗНАМ го поддржува предлогот на Мицкоски за електронски попис
Следна Статија Се удави жена во Дебарско Езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија се задолжи милијарда евра преку нова еврообврзница

Министерството за финасии на Република Македонија ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница од 1 милијарда евра. Министерството одлучи…

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Трошоците на живот во октомври пониски за 0.7%, а цените на мало за 0.1%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на септември годинава, бележи намалување од 0.7, а…

November 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

СДСМ поднесе закон за намалување на цени со кој до 2.000 денари ќе се заштедува месечно на храна

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот…

November 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. На свеченото…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?