Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада

Објавено July 13, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. На свеченото пуштање во употреба се обрати и Вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски кој се согласува дека овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада.

Големо задоволство е, нагласи Николоски, да ги видиме првите 20 километри во реалност како може да ги користат граѓаните од цела Македонија, побрзо да се патува и до Тетово и до Гостивар и до Скопје, да се поврзе Македонија со Албанија и секако да се отворат големите туристички центри Охрид и Струга за сите кои сакаат да ги посетуваат.

Ветив дека за проблемите ќе зборувам кога ќе го завршиме целиот автопат на крај на следната година. Само сакам да кажам две работи, првата дека ова беше симбол за неспособноста на минатата Влада на СДСМ и ДУИ, ова беше заборавен напуштен проект на кој немаше работници, инженери, ниту машини, и ова е проект кој е симбол и доказ за посветеноста и работата на оваа Влада и тоа е клучната разлика помеѓу нас и нашите политички опоненти. Второт е дека е многу значајно и симболично е што првиот дел од патот го отвораме во славна Дебарца – овде има многу историја, многу приказни а сега и модерен автопат, рече вицепремиерот и министер за транспорт Николоски.

Тој се надева дека за многу скоро време ќе биде завршен и вториот дел и до крајот на идната година и целиот автопат. Вкупната должина на автопатот изнесува 57 километри.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија
Следна Статија Фатен на снимка: Лице подметнува пожар во Делчево, па бега

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година

Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија. Индустриското производство во Јули оваа година порасна за…

August 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николовски – Агелер: Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот на прибирање на приходи во Буџетот, сузбивање…

March 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Предлог буџетот за 2025 оди во Собрание, Димитриеска-Кочоска најавува раст темелен на реални инвестиции

Стапката на раст ја темелиме на реални инвестиции, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, ветувајќи реална реализација на планираните…

November 1, 2024
ЕКОНОМИЈА

Деаноски: Првпат без работниците е донесена одлука за минималната плата

Првпат од 2012 година е донесена одлука за минималната плата без работниците. Владата сама одлучи, без да се разговара на…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?