Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на становите поскапеа за над 25 отсто во третиот квартал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените на становите поскапеа за над 25 отсто во третиот квартал
ЕКОНОМИЈА

Цените на становите поскапеа за над 25 отсто во третиот квартал

Објавено October 4, 2025 09:48
Сподели
Сподели

Продолжува растот на цените на становите во земјава. Во третиот квартал, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 25,1 отсто. На месечна основа изнесува 4 отсто.

Цените на метар квадратен растат иако трошоците во градежништвото бележат опаѓање за првпат по осум години, но цените на становите се нееластични на ваквите движења, што придонесува кон проширување на оперативните маржи во градежниот сектор, констатираат од Народната банка во последниот извештај за финансиската стабилност на Македонија за 2024 година.

„Вкупните трошоци за изградба на нови станбени згради во 2024 година опаднаа за 7,2 проценти на годишна основа, наспроти растот од 9,4 проценти во претходната година. Главен чинител на падот се значително пониските материјални трошоци, за 10,5 проценти, при стабилен пад во сите четири тримесечја. Придонес во падот на материјалните трошоци има и пониската постигната цена на истргуваното градежно земјиште за 9,5 проценти, по високиот пад од 32,7 проценти во 2023 година“, наведуваат од Народната банка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рафаел Надал ја доби титулата доктор
Следна Статија Вардан Тозија: Скопје умира во тивок сообраќаен хаос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Деаноски: Првпат без работниците е донесена одлука за минималната плата

Првпат од 2012 година е донесена одлука за минималната плата без работниците. Владата сама одлучи, без да се разговара на…

March 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски објави на фејсбук дека вчера била одржана работна средба со претставници на најголемите трговски синџири во земјава,…

June 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Петрушевски: Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата даваат резултат

Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата за намалување на цените даваат резултат. Синдикалната…

October 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?