Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Скопје со право на глас 474 304 граѓани, ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Скопје со право на глас 474 304 граѓани, ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје со право на глас 474 304 граѓани, ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Објавено October 19, 2025 08:53
Сподели
Сподели

Скопјани на Локалните избори 2025 имаат можност да избираат градоначалник на Град Скопје меѓу 16 кандидати, од кои само една жена. За 45 советнички места има поднесено 19 листи со 855 кандидати. Тие исто така гласаат и за градоначалници и за советници на скопските општини во кои живеат. Па, така, на изборните места ќе добијат четири ливчиња, кои по гласањето ќе треба да ги стават во обележани кутии. Право на глас во Градот Скопје имаат 474 304 избирачи.

Кандидати за градоначалник на Скопје се Орце Ѓеорѓиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Каја Шукова, поддржана од СДСМ и коалицијата, Драган Николовски, поддржан од група избирачи, како и Сашо Маневски, Зоран Јованоски од Единствена Македонија, Амар Меционовиќ од Левица, Демир Исмаил од Сојузот на Ромите, Владимир Куноски од Работничка партија, Александар Тортевски од Партија Твоја, Срџан Амет од Политичка партија Унија на Роми Скопје, Александар Трајановски поддржан од ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР, Вангел Божиноски од Родина Македонија, Скендер Реџепи поддржан од коалицијата предводена од ДУИ, Владимир Трајковски од Македонска ера трета/Македонски независни листи-Суверенисти, Горан Марковски поддржан од Независни заедно и Алексадар Рашковиќ од ТМРО.

Во скопската општина Аеродром со право на глас се 68 772 избирачи. На изборите ќе можат да гласаат за Славко Мишура поддржан од Група избирачи, Марјан Димитриев од Левица, Владимир Михајловски од ТМРО, Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Александар Трајановскиа од СДСМ и коалицијата и Дејан Лазаревски поддржан од коалицијата ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР.  Во Аеродром, каде локалниот совет има 27 члена, поднесени се 10 листи за советници со 270 кандидати.

Во Бутел има 33 116 гласачи запишани во Избирачкиот список, кои ќе можат да изберат помеѓи четворица кандидати за градоначалници и тоа Оливера Ливриниќ поддржана од коалицијата предводена од СДСМ, Исамедин Азизи поддржан од коалицијата предводена од ДУИ, Дарко Костовски од коалицијата предвоена од ВМРО-ДПМНЕ и Бехар Емини од Влен. Во општина Бутел има 19 советници, а поднесени се 19 листи со 228 кандидати.

Во Гази Баба има 61 438 гласачи, а во оваа скопска општина има седдумина кандидати за градоначалник: Златко Тренчевски поддржан од Левица, Зоран петковски од партијата Демократи Скопје, Влатко Митовски од коалицијата предводена од СДСМ, Бобан Стефковски поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Мајкиќ од Единствена Македонија, Влатко Утевски од Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи – Суверенисти и Тоне Димковски од Работничка партија. Гази Баба има 27 членови на советот, а за овие локални избори поднесени се 12 листи за советници со 324 кандидати.

Во скопската општина Ѓорче Петров има 39 678 избирачи, кои треба да изберат помеѓу четворица кандидати и тоа: Александар Димитријевиќ поддржан од Левица, Костадин Ацевски од коалицијата предводена од СДСМ, Љупчо Јаневски од коалицијата ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР и Александар Стојкоски поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ѓорче Петров има 23 членови на советот. Поднесени се седум листи за советници со 161 кандидат.

Во Избирачкиот список за скопски Карпош се запишани вкупно 56 856 избирачи, а на избирачкото ливче ќе се најдат пет кандидатури за градоначалник и тоа Сотир Лукровски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Димитров од Левица, Стевчо Јакимовски поддржан од коалицијата на ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР, Маја Мојсова Мијовска од коалицијата предводена од СДСМ и Невена Георгиевска поддржана од Група избирачи. Во Карпош има 27 советници, а за Локалните избори 2025 поднесени се 10 листи со 270 кандидати.

Седдумина кандидати за градоначалник има во Кисела Вода, каде во Избирачкиот список се запишани 53 643 гласачи. Ќе се гласа за Марко Ташков поддржан од Група избирачи, Кети Сталеска исто така поддржана од Група избирачи, Јане Ацевски од Левица, Горан Трајковски од СДСМ и коалицијата, Бети Стаменскоска – Трајкоска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Оливер Поповски поддржан од коалицијата ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР и Марко Салџиевски од Твоја партија. Кисела Вода има 27 членови на советот, а за овие избори поднесени се девет листи за советници со 243 кандидати.

Во Сарај со право на глас се 34 341 граѓани, кои градоначалник треба да избираат помеѓу четворица кандидати и тоа: Мухамет Елмази од Влен, Ремзи Мамути независен кандидат за градоначалник, Тензи Белули од Демократи и Блерант Рамадани поддржан од коалицијата предводена од ДУИ. Советот во оваа скопска општина има 19 членови, а поднесени се три листи со 57 кандидати.

За скопската општина Центар, каде во Избирачкиот список за запишани 44 109 гласаачи, има пет кандидатури: Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ, Горан Герасимовски поддржан од коалицијата предводена од СДСМ, Марија Среброва од Левица, Билјана Ивановска од група избирачи и Лидија Ѓорѓевиќ од Македонска ера трета. Во Центар има 23 членови на Советот, а се поднесени девет листи со 207 кандидати за советници.

Во Чаир право на глас имаат 58 458 избирачи. Во оваа општина има тројца кандидати за градоначалник Ицо Колевски од Работничка партија, Бујар Османи поддржан од коалицијата предводена од ДУИ и Изет Меџити од Влен. Чаир има 27 членови на локалниот совет кои ќе се бираат меѓу девет листи за советници со 243 кандидати.

Во Шуто Оризари има 23 893 гласачи, а во оваа општина има најмногу кандидати за градоначалник од скопските општини – осум. Кандидирани се: Шабан Салиу од Демократски сили на Ромите, Елвис Бајрам од Сојуз на Ромите, Северџан Илјаз од Политичка партија ДЕМОКРАТИ Скопје, Ќамуран Сејди од Демократска партија на Ромите, Едис Хасан од коалицијата предводена од СДСМ, Курто Дудуш од Политичка партија Унија на Роми Скопје, Ѓеѓе Демировски од Бошњачки демократски сојуз и Ерџан Демир поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Шуто Оризари има 19 членови на локалниот совет. За овие избори поднесени се седум листи за советници со 133 кандидати.

Вториот круг од локалните избори ќе се идржи на 2 ноември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем
Следна Статија МВР презема мерки за мирен, фер и демократски изборен процес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шукова: Имаме јасен остварлив план за чисто Скопје, ќе го исчистиме градот во првите три месеци

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со заменик-претседателката на партијата Фани Каранфилова Пановска, кандидатот за…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стипендии од Кина и Унгарија: МОН објави конкурси за додипломски и постдипломски студии со рок до 15 јануари 2026

Владата на Народна Република Кина за учебната 2026/2027 година доделува три стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и…

December 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

Нема да има реконструкција на Владата, туку само смена на министри, информираат од Владата за МИА по синоќешната изјава на…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пресекот на излезноста до 11 часот е 9,38%

Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК) До 11:15 часот пристигнати се…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?