Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Словенија референдум за асистирано самоубиство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Словенија референдум за асистирано самоубиство
БАЛКАН

Во Словенија референдум за асистирано самоубиство

Објавено November 23, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Граѓаните на Словенија денеска на референдум ќе гласаат „за“ или „против“ неодамна усвоениот Закон за помош при доброволно завршување на животот.

Тоа е втор референдум за две години за потпомогнато самоубиство.

Парламентот на Словенија во јули со 50 гласа „за“, 34 „против“, а тројца пратеници беа „воздржани“ го усвои Законот, откако минатата година на советодавниот референдум 55 проценти од гласачите го поддржаа правото на асистирано самоубиство.

Словенија стана прва источноевропска земја што го легализираше потпомогнато самоубиство, но набрзо се појави иницијатива за референдум за отфрлање на Законот, иницирана од група предводена од конзервативниот активист Алеш Примац и поддржана од опозицијата, црквата и некои здравствени експерти. Иницијативата ја потпишаа над 46.000 граѓани.

Поддржувачите тврдат дека потпомогнато самоубиство би им обезбедило достоинство и слобода на избор на луѓето при крајот на животот, додека противниците предупредуваат дека со тоа би била прекршена уставната заштита на животот, што би ги загрозило ранливите поединци.

Гласачите ќе треба да одговорат на прашањето на референдумот: „Дали сте за воведување на Законот за асистирано умирање, кој Народното собрание го усвои на својата седница на 24 јули 2025 година?“

За да биде отфрлен Законот, мора да бидат исполнети два услови – мнозинството гласачи, кои ќе излезат на референдумот да гласаат „против“ и најмалку 20 проценти од сите гласачи да гласаат „против“. Според словенечкото Министерство за внатрешни работи, Словенија има 1.696.025 регистрирани гласачи. Минималниот број гласови потребни за отфрлање на Законот е 339.205.

Според усвоениот Закон, пациентите во Словенија имаат пристап до асистирано самоубиство. Доколку барањето на пациентот биде прифатено, ќе им биде дадена супстанција со која ќе го завршат животот.

Пациентите мораат двапати да ја изразат својата намера кај својот лекар, пред да поднесат формално барање, кое потоа ќе мора да биде одобрено од независен лекар. Нивната способност за донесување одлука ќе ја процени и психијатар. Здравствените работници го задржуваат правото да одбијат да учествуваат во постапката.

Правото нема да може да се користи во случаи на неподносливо страдање како резултат на ментална болест и за лица под 18 години. Евтаназијата, или смрт од страна на старател по барање на пациентот, е забранета.

Првите делумни резултати се очекуваат по затворањето на гласачките места во 19 часот, а официјалните резултати ќе биде обвјавени по 4 декември, кога ќе се потврди конечниот број на гласачи и дали е постигнат кворум за отфрлање на Законот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анкета: Дали ќе ги купите новите Кирби Air Riders amiibo?
Следна Статија Враќање во 2000 година со класични DOS мултиплејер игри во вашиот прелистувач

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
БАЛКАН

Српска опозиционерка ја обвини власта дека соработува со криминалецот Филип Кораќ

Потпретседателката на српската Партија за слобода и правда, Мариника Тепиќ, на денешната прес-конференција објави дека француската полиција и обвинителството пред…

June 2, 2025
БАЛКАН

Европските лидери немаат план за брз прием на Украина и земјите од Западен Балкан во втората лига на ЕУ

Ништо од брзиот прием на Украина во ЕУ а со тоа и на земјите од Западниот Балкан. Како што пишува…

March 6, 2026
БАЛКАН

Скандал ја тресе Грција: Свештеници вложувале во ноќни клубови, проневериле 3 милиони евра

Претседателот на грчката управа за спречување перење пари, поранешен заменик обвинител на Врховниот суд, Хараламбос Вурлиотис, ги замрзна банкарските сметки…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?