Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив
БАЛКАН

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

Објавено October 8, 2025 12:15
Сподели
Сподели

Македонецот Мартин Сипковски (21) кој загина од експлозија што се случи на 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград имал кај себе околу 1,5 килограми експлозив „Пентрит“, што го разнесе изнајмениот стан, објавија белградски медиуми.
Неговиот идентитет беше утврден за време на обдукцијата и размената на податоци меѓу српската и македонската полиција по анаиза на ДНК.

Според белградските медиуми, неофицијално станува збор за млад човек со дебело криминално досие.
Мартин Сипковски претходно им беше познат на органите на прогонот во Македонија, а минатата година во македонските медиуми беше споменат како млад човек кој „го заменил ракописот со манекенство“, објави Блиц.

За него се пишуваше како прв Македонец кој потпишал договор со престижна модна агенција во Истанбул и студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопјe. Како што беше напишано во тоа време, тој го напуштил ракометот, кој го играл за „Вардар“, поради повреда на вратот.

Мартин Сипковски загинал поради непрофесионалното ракување со експлозивниот „Пентрит“, кој наводно бил наменет за ликвидација на членови на криминална организација од Нов Белград, а Филип В. (26) е уапсен под сомнение дека му го предал експлозивот на Сипковски, кому му го дал на чување.

Од експлозијата целосно е уништен станот каде што се наоѓал Мартин, како и два други стана стана. Полицијата го уапсила Филип В. (26) кој продавал „пентрит“, но не сакал да каже како го добил или за кого бил наменет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Инспекции во кујните во училиштата и градинките: Утврдени недоследности, уништени 83 кг. храна
Следна Статија Лабудовиќ: Центар ќе обезбеди еднакви можности за сите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Психијатарот ја разби одбраната на Урош Блажиќ дека суплементите „му го поматиле умот“ и затоа убивал

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и…

October 28, 2024
БАЛКАН

Српските студенти со велосипеди стигнаа во Стразбур

Околу 80 студенти и членови на академската заедница од Србија денеска со велосипед пристигнаа во Стразбур, откако за 13 дена…

April 16, 2025
БАЛКАН

Израелски туристи заглавени во Босна: 47 пасоши фрлени во ѓубре во хотел

Најмалку 47 израелски туристи останаа заглавени во Босна и Херцеговина откако нивните пасоши по грешка завршиле во корпата за отпадоци…

August 19, 2025
БАЛКАН

Европската комисија покренува постапка против Бугарија поради прекумерен дефицит

Европската комисија (ЕК) ќе предложи покренување постапка против Бугарија за прекумерен дефицит откако ќе се утврди дека земјата не ги…

June 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?