Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во тек е истражна постапка за трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во тек е истражна постапка за трагедијата во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Во тек е истражна постапка за трагедијата во Кочани

Објавено April 10, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Претседателот на Основен суд Кочани, Спиро Борисов денеска во изјава за медиумите истакна дека во тек е истражната постапка и дека се постапува по изјавени жалби на судии на претходна постапка во врска со пожарот во дискотеката во Кочани која се случи на 16 март и во која животот го загубија 61 лице, а беа повредени околу 200.

-Во тек е е истражна постапка. Се постапува по изјавени жалби на одлуки на судии на претходна постапка и тоа е во моментов што можам да ви го дадам како изјава, рече Борисов.

Борисов нагласи дека секој кој што постапувал како судија на претходна постапка согласно одредбите од Законот за кривична постпака, односно член 33 од овој закон понатаму не може да учествува како судечки судија, член на Совет за оцена на обвинителни акти итн.

Претседателот на Основен суд Кочани истакна дека тројца судии од овој суд постапуваат во претходна постапка.

-Постапувааат тројца судии. Ние сме суд со пет судии, вклучително и јас како претседател на судот, тројца судии, двајца од судиите постапуваат во Кривичен совет и делегиран судија од друг Основен суд кој би можел да постапува како судија во суд со проширена надлежност, рече Борисов.

Во однос на трагедијата во Кочани, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски изјави дека уште е рано да се разговара за тоа што доколку таму не може да се реализира судењето.

Мислам дека е рано за тоа да разговараме. Се во свое време. Судскиот совет е во тек. Не, не, за тоа не треба да одлучува Судскиот совет. Ќе се постапи согласно законот, рече Камбовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавен е првиот пакет на претстојни повици во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година
Следна Статија Еден од повредените се враќа од Бугарија: Во странство се хоспитализирани 55 лица, во Македонија се лекуваат 10

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДЕНЕС Е ОГНЕНА МАРИЈА: Ова никако не смеете да го правите

Православната црква и верниците на, 30 јули, го слават празникот на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија,…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Алиу на годишнината од Кочани – 400 медицинари го дадоа максимумот

Министерот за здравство Азир Алиу денеска зборуваше пред меѓународна конференција во Скопје посветена на институционалните лекции од кочанскиот пожар. Пред…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Анел Фидоски избран за јавен обвинител на ОЈО Скопје, Бубевски отпадна

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, обвинителот Анел Фидоски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Единствено место за разрешување членови е во Судскиот совет

Факт е дека имаше проблеми во Судскиот совет, тоа можеше да го види целата јавност. Но, сепак мислам дека работите…

January 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?