Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Камбовски: Единствено место за разрешување членови е во Судскиот совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Камбовски: Единствено место за разрешување членови е во Судскиот совет
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Единствено место за разрешување членови е во Судскиот совет

Објавено January 26, 2025 12:41
Сподели
Сподели

Факт е дека имаше проблеми во Судскиот совет, тоа можеше да го види целата јавност. Но, сепак мислам дека работите полека се средуваат, добиваат некој нормален тек како што треба да функционира Судскиот совет. Добар дел од членовите се променија, дојдовме нови членови, почнувајќи од јуни минатата година па до сега имаме четворица нови членови. Така што, оптимист сум дека во иднина Судскиот совет ќе биде на ниво на задачите кои ги има, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски.

Тој вели дека негова цел е Судскиот совет самите судии да го чувствуваат како свој. Посочува дека има многу ниска доверба кај самите судии во Судскиот совет и затоа негова примарна цел ќе биде да успее да го зближи Судскиот совет до судиите.

„Мене тоа ми е една од најголемите желби или цели што сакам да ги остварам – судиите да го чувствуваат Судскиот совет како свој, ова е нивна куќа. Судиите тука имаат мнозинство, сакам да чувствуваат дека првенствено ние сме нивни заштитници, ја гарантираме нивната независност и интегритет, а не само да гледаат на Судскиот совет како на некое тело кое служи за нивно казнување или разрешување. Или на кој било друг начин да служиме за заплашување на судиите. Како што кажав на почетокот, да го чувствуваат за свој заштитник. Зборувам за судии кои работат чесно, по закон и по Устав и кои имаат интегритет што секој судија треба да го има“, вели Камбовски.

Според него, единствено место каде е предвиден начин или постапка за разрешување на член на Судски совет е во Законот за Судски совет.

„На друго место јас не сум сретнал по законите дека постои таква можност – да бидат разрешени во некоја друга постапка. Значи, разрешувањето се одвива тука во Судскиот совет“, нагласува Камбовски.

Вели дека критиките кон Судскиот совет не ги сфаќаат како притисок.

„Убаво е сите власти кои се во оваа држава да соработуваат помеѓу себе, да се критикуваат кога е тоа потребно затоа што критиката секогаш вродува со позитивни работи, да се коригираме дали ние, дали законодавната, дали извршната власт. Не го сфаќаме тоа како притисок, ниту го чувствуваме како притисок. Секој има право да критикува, се разбира, доколку таа критика е со позитивна намера да се подобрат работите и секогаш ги прифаќаме таквите критики, се трудиме да се поправиме во некои работи кои во минатото не биле добри за да се извршуваат на подобар начин“, истакнува Камбовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Овен – недела, 26 јануари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Близнаци – недела, 26 јануари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје втор најзагаден град во Европа

Скопјани го дишат вториот најзагаден воздух во Европа. Според специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот IQAir, воздухот во…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова од Идризово: Секој заслужува втора шанса, подготвуваме нов закон за помилување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го посети женското одделение во КПУ Идризово, каде оствари средба со затвореничките кои работат во шивачката…

December 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бранко Тричковски јавно му посака смрт на премиерот Христијан Мицкоски

Пропагандистот на опозициската СДСМ, Бранко Тричковски, вчера објавил гнасен коментар на социјалната мрежа Фејсбук, а во врска со информацијата за…

October 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција. Тој говореше…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?