Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: За четири години сите државни студентски домови ќе станат модерни и енергетски ефикасни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: За четири години сите државни студентски домови ќе станат модерни и енергетски ефикасни
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: За четири години сите државни студентски домови ќе станат модерни и енергетски ефикасни

Објавено October 15, 2024 16:40
Сподели
Сподели

Условите во државните студентски домови се стар предизвик што, веројатно поради габаритноста на објектите и сложеноста на зафатот што требало одамна да се реализира, никој не се нафатил да го реши. Сега ние го решаваме тој предизвик, активностите за етапна реконструкција објектите се интензивираат и за четири години сите ќе станат модерни и енергетски ефикасни.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес конференција на која заедно со раководителот на Германската развојна банка (KFW) за Југоисточна Европа Клаус Милер, претставникот на Делегацијата на Европската Унија, Стефан Худолин и германскиот заменик амбасадор Јан – Аксел Вос информираа за прогресот на активностите во рамки на проектот за модернизација на државните студентски домови во Македонија.

Студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ / Фото: МОН

Градежни активности се реализираат во „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје и во нив вложуваме 17 милиони евра. За 18 месеци ќе станат современи, енергетски ефикасни и ќе понудат услови и стандарди за едукација и престој какви што треба да имаат и какви што заслужуваат студентите. Целосно ја менуваме внатрешноста, инсталациите, столаријата, фасадата, поставуваме фотоволтаици и еко системи за греење“, рече Јаневска, информирајќи дека паралелно течат подготовките за отпочнување на реконструкцијата и на други седум студентски домови.

Студенски дом „Кузман Јосифовски Пит“ / Фото: МОН

Ова е една од мерките со која, како што рече Јаневска, убедена сум дека ќе го промениме размислувањето кај дел од младите да заминат на студирање надвор од својата земја.

Во време кога недостига работна сила, важен ни е секој еден млад човек. Па, бидејќи е така, да им обезбедиме можности целосно да се реализираат тука, во сопствената земја, додаде Јаневска.

Министерката изрази благодарност што Македонија има силни поддржувачи во заложбите за обезбедување на подобар студентски стандард, а со тоа и во заложбите за градење на генерации кои ќе бидат задоволни од грижата на државата и како што нагласи, ќе развиваат силно патриотско чувство и ќе возвратат со труд и посветеност кон нејзиниот напредок.

Студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ / Фото: МОН

За проектот за реконструкција на државните студентски домови досега се обезбедени средства во износ од 25 милиони евра, од кои 20 преку кредитна линија на Германската развојна банка и речиси 5 милиони евра неповратен грант од Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сијарто: Само изговор им е дека консензусот е пречка за проширувањето
Следна Статија Убиен познат спортист

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 10 приведени за случајот со прилепската болница – во текот на денов треба да бидат спроведени во Судот

Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со  Општата болница во Прилеп во…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поранешните градоначалници на Кочани тврдат дека не биле одговорни за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 10 декември

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како…

December 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Микрочипирање кучиња: Агенција за храна и ветеринарство потсетува на обврската

Микрочипирањето на домашните кучиња е законска обврска за сопствениците, потсети денеска АХВ, апелирајќи милениците да се идентификуваат со микрочип и…

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?