Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Турција измерени рекордни 50,5 степени – највисока температура во Европа досега
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во Турција измерени рекордни 50,5 степени – највисока температура во Европа досега
СВЕТ

Во Турција измерени рекордни 50,5 степени – највисока температура во Европа досега

Објавено July 26, 2025 13:47
Сподели
Сподели

Во округот Ширнак, југоисточна Турција, денеска се измерени 50,5 Целзиусови степени, што е највисока температура регистрирана досега на европскиот континент, јави турското издание „Туркије тудеј“,.

Во округот Ширнак, југоисточна Турција, денеска се измерени 50,5 Целзиусови степени, што е највисока температура регистрирана досега на европскиот континент, јави турското издание „Туркије тудеј“, повикувајќи се на податоци од Турската државна метеоролошка служба.

Температурата е измерена во областа Силопи и го надминува претходниот рекорд од 48,8 степени, поставен во Сицилија, Италија, во август 2021 година. Светската метеоролошка организација официјално го потврди италијанскиот рекорд во јануари 2024 по сеопфатна проверка на инструментите и податоците.

Претходно, рекордот го држеа Атина и Елефсина во Грција со 48 степени, измерени на 10 јули 1977 година, што беше потврдено од Светската метеоролошка организација кога го создаде својот архив на екстремни временски настани во 2007 година.

Според најновите метеоролошки податоци, температурите вчера ја надминаа границата од 40 степени на сенка во 31 округ во Турција, а во целата земја се регистрирани вредности за 6 до 12 степени повисоки од сезонскиот просек.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ферстапен го надмудри Мекларен и ја оствари првата спринт победа
Следна Статија Клековски: Се решава недостатокот на персонал во прилепската болница, се вработуваат 21 доктор и над 100 здравствени работници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Бомба од Втората светска војна пронајдена во река во Берлин, илјадници евакуирани

Илјадници луѓе во центарот на Берлин беа принудени да ги напуштат своите домови синоќа откако во реката Шпре беше пронајдена…

September 19, 2025
СВЕТ

Нападнат нафтен танкер во близина на брегот на Оман

Оманскиот центар за поморска безбедност соопшти дека нафтениот танкер „Skylight“, кој плови под знамето на Палау, бил нападнат на околу…

March 1, 2026
СВЕТ

Предупредивме дека постои голем ризик: Како се случи разорниот земјотрес во Мјанмар и зошто се стравува дека има илјадници загинати

Силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар „не беше неочекуван настан“, изјави за…

March 28, 2025
СВЕТ

Тик Ток обвинет од Европската комисија дека создавал зависност

Европската комисија во петокот го обвини TikTok дека намерно ја дизајнирал својата апликација на начин што поттикнува зависност, наведувајќи функции…

February 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?