Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Хрватска потврден случај на лепра кај странски работник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Хрватска потврден случај на лепра кај странски работник
БАЛКАН

Во Хрватска потврден случај на лепра кај странски работник

Објавено December 14, 2025 14:45
Сподели
Сподели

Во Хрватска е потврден изолиран случај на лепра, хронична заразна болест, соопштија надлежните здравствени служби.

Станува збор за странски работник, а надлежните уверуваат дека ситуацијата е под контрола и дека нема причина за паника. Последниот случај на лепра во Хрватска беше регистриран во 1993 година.

Пациентот со симптоми на лепра се пријавил кај епидемиолозите во Сплит пред десетина дена. Случајот го потврди и раководителот на Службата за епидемиологија на заразни болести при Хрватскиот завод за јавно здравство (ХЗЈЗ), Бернард Каиќ.

– За ова не се зборуваше ниту пишуваше, бидејќи беше откриено навреме. Човекот се лекува, неговите блиски контакти добија пост-експозициска терапија, тие дури и не се заразени. Се дава профилактика и се следи состојбата, а ситуацијата е под контрола, изјави Каиќ.

Од Министерството за здравство појаснија дека станува збор за странски работник од Непал, кој веќе две години живее со семејството во Хрватска.

Лепрата се пренесува главно по пат на капки, со кашлање или кивање, а за зараза е потребен долготраен контакт со заболениот.

Епидемиологот Каиќ објаснува дека лепрата се манифестира со кожни промени и оштетување на нервите, поради што луѓето губат осет. – Но, слично како и туберкулозата, која исто така е хронична болест, и лепрата може да се излечи – лекувањето трае долго, од шест до 12 месеци, со примена на повеќе видови лекови, но е излечива. Не е тоа некој голем баук, нагласи тој.

Во Хрватска се чека на регулатива иницирана од ХЗЈЗ, која би го условила работењето на странските работници со доставување доказ за вакцинација со основни вакцини важни за колективниот имунитет. Се работи и на воведување на прегледи за одредени болести кои ги нема во Хрватска, со цел нивно навремено откривање и спречување на ширењето.

Случај и во Романија

Во Романија е потврден првиот случај на лепра по повеќе од четириесет години, додека уште три лица се под сомнеж за зараза. Станува збор за четири жени од азиско потекло вработени како масерки во спа-центар во Клуж-Напока.

Здравствените власти во Романија веднаш реагираа со затворање на спа-центарот и спроведување на целосна дезинфекција и епидемиолошка истрага. Пациентката со потврдена дијагноза веднаш започна со лекување според препораките на СЗО. Последниот случај на лепра во Романија беше регистриран во 1981 година.

Лепрата, позната и како Хансенова болест, е хронична заразна болест предизвикана од бактеријата Mycobacterium leprae.

Најчесто ги зафаќа кожата и периферните нерви, а доколку не се лекува, може да доведе до трајно оштетување. Иако со векови беше синоним за стигма и изолација, денес лепрата успешно се лекува со комбинација на антибиотици и се смета за излечива болест.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Работи радарот на скопскиот Аеродром, според Мицкоски, лага е дека е вон функција
Следна Статија Нетанјаху: Го предупредив Албанезе, Канбера да не додава масло на огнот за антисемитизмот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Црна Гора е светски лидер по бројот на милионери кои се доселиле од други земји

Во светот на најбогатите се случува историска промена – оваа година околу 142 илјади милионери планираат да се преселат, напуштајќи…

August 10, 2025
БАЛКАН

Апсења во Србија по вчерашните нереди

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, во заедничка акција со припадници на МУП на РС и БИА, засега…

June 29, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) “Македонија е грчка“ извикуваше грчката армија на прославата на Денот на независноста

Грчката армија завчера го прослави Денот на назависноста. На видеото што е објавено на мрежата „Х“ се слуша како војнците…

March 27, 2025
БАЛКАН

Објавени имињата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Објавени се имињата на петнасетемина загинати во несреќата во Нови Сад каде што падна настрешница на железничката станица. С.Ф. (2018)…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?