Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Шангај отворена градинка за кучиња
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Во Шангај отворена градинка за кучиња
ЗАБАВА

Во Шангај отворена градинка за кучиња

Објавено June 21, 2026 18:19
Сподели
Сподели

Градинка за кучиња, насловена „Шепа“ е отворена во трговски центар во Шангај, каде на кучињата им се нудат внимателно организирани дневни активности, наместо строга дресура или ограничувања според возраста.

Установата нуди игри, грицки, ленти за трчање и музика за кучиња, а младите сопственици трошат сè повеќе за своите миленици.

Милениците пристигнуваат секој ден до 9 часот наутро во „Шепа“. Тие следат распоред што вклучува интерактивни игри и полигони со пречки, надополнети со свежо подготвени закуски и време за одмор, додека пијанист свири класична музика. Кучињата можат и да прошетаат на специјална лента за трчање наменета за нив, пред нивните сопственици да ги земат околу 19 часот.

„Нашето куче го одгледуваме како дете“, рече Ќијан Ји, чиј миленик Хари од расата бордер коли ја посетува градинката секој работен ден.

Како што опаѓа наталитетот и се менува начинот на живот, милениците сè почесто се третираат како членови на семејството, што го поттикнува растот на услуги со повисока додадена вредност, како што се дневна грижа, нега и дресура.

Основачот на „Шепа“ Џен Жанг, рече дека идејата му дошла откако се соочил со тешкотии во пронаоѓањето помош за својот шестгодишен златен ретривер Фузаи, кој развил проблеми во однесувањето поврзани со анксиозност.

Во потрагата по решение, тој открил услуги слични на дневни центри за кучиња во САД и дошол до заклучок дека главниот проблем е недостигот од социјализација. Неговата клиентела пораснала на 200 клиенти, откако започнал со помалку од 20.

„Сакав да му овозможам на моето куче повеќе простор за дружење со други кучиња, за да му го пренасочам вниманието. Така се роди идејата за отворање на оваа градинка“, додаде тој.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 15-годишно девојче се обидело да се самоубие поради тортура од таткото
Следна Статија Египет со победа ги задржа шансите за пласман во втората фаза

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Родители во парк имаат секс пред детето – покрената истрага

Португалската полиција покрена истрага откако доби дојава за видео снимка од пар како има секс пред дете. Видеото од мистериозната…

February 19, 2025
ЗАБАВА

Се распаѓа родната куќа на Јелена Докиќ по смртта на таткото Дамир

Дамир Докиќ, таткото на Јелена Докиќ кој почина пред неколку дена е роден кон крајот на 50-тите години од минатиот…

May 23, 2025
ЗАБАВА

(ФОТО) Полната Месечина синоќа го осветли небото низ целиот свет

Полната Месечина, именувана како „Јагодовата Месечина“ го осветли небото низ целиот свет во понеделник, 29 јуни, означувајќи ја првата полна…

June 30, 2026
ЗАБАВА

(ВИДЕО)Додека е на условен отпуст Боки сними спот

Бојан Јовановски сними песна  наречена „една песна таговна“. Во се појавува и неговата мајка а се симболично се говори и за голготата…

December 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?