Сите вработени во Пошта на Македонија платата за месец април 2026 година ќе ја добијат во текот на утрешниот ден, 18 мај, објавија од АД поштенски сообраќај на социјалните мрежи.
Еднодневното доцнење во реализацијата на исплатата, имајќи предвид дека редовниот рок беше 15.05.2026 година (петок), е резултат на административни пречки, отсуства од здравствени причини и слични оперативни околности. Станува збор за техничко и административно прашање кое нема потреба да се политизира или да се користи за собирање политички поени. Им благодариме на сите колеги и граѓани за разбирањето и трпението, велат од АД „Пошта“.
Венко Филипче, лидерот на СДСМ на денешната прес-конфренција наведе дека има доцнење на платите, додавајќи дека вработените во „Пошта“ се уште не ја добиле априлската плата.
