Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Управа за финансиско разузнавање: Внимавајте на фиктивни инвестициски платформи кои нудат брза заработка и вложувања во крипто-средства
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Управа за финансиско разузнавање: Внимавајте на фиктивни инвестициски платформи кои нудат брза заработка и вложувања во крипто-средства
ЕКОНОМИЈА

Управа за финансиско разузнавање: Внимавајте на фиктивни инвестициски платформи кои нудат брза заработка и вложувања во крипто-средства

Објавено October 17, 2024 12:00
Сподели
Сподели

Внимавајте на фиктивни инвестициски платформи кои нудат брза заработка и вложувања во виртуелни односно крипто-средства. Менувачниците задолжително да го применуваат Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во целост.

Во период на зголемени рекламни активности на социјалните мрежи поврзани со т.н. „платформи за остварување на брза заработка преку интернет“, Управата за финансиско разузнавање како надлежна институција основана за целите на прибирање и анализа на извештаи за сомнителни трансакции и други информации од значење за спречување и откривање перење пари и финансирање на тероризам, се придружува на апелите од страна на останатите надлежни органи и ги предупредува граѓаните да бидат внимателни со сопствените парични средства и навремено да препознаат фиктивни измамничко-инвестициски платформи, односно да не инвестираат во ваквите платформи и апликации. Од друга страна, имајќи предвид дека голем дел од граѓаните се стекнаа со крипто-средства преку давателите на услуги поврзани со виртуелни средства во нашата држава (најчесто локални менувачници во државата кои се задолжени да применуваат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам), ги повикуваме истите да не ги поттикнуваат и да не им помагаат на граѓаните во вршењето на трансакции, односно депонирање на крипто-средства кон ваквите потенцијално измамнички апликации.

Ги повикуваме граѓаните да се запознаат со т.н „Измамнички апликации со задачи“ или Тask-scam Apps кои преставуваат вид на измама каде што измамниците ги примамуваат жртвите со ветувања за лесни и брзи заработки преку едноставни задачи, при што со истите се стекнуваат со заработка во форма на крипто-средства. Измамите се состојат во тоа што иницијално жртвите на измамите се контактирани од т.н регрутери или претставник на апликацијата или пријатели, а заработката се обезбедува со мали задачи кои се лесни за завршување и нуди непосредни, мали исплати. За почеток најчесто е потребен иницијален депозит во форма на крипто-средства. Апликацијата или платформата функционира одредено време со што има за цел да изгради доверба и да покаже дека можноста за профит е легитимна. Овие апликации немаат реален производ или услуга и преставуваат параван зад т.н пирамидални шеми, односно се финансираат од вложувањето на новите членови. По одредено време организаторите ја згаснуваат платформата, а средствата на лицата коишто ги депонирале во ваквите платформи никогаш нема да имаат можност да ги повратат. Измамата не завршува најчесто тука, туку продолжува во втора фаза односно измама за т.н. „поврат на средства“, каде што организаторите на ваквата платформа уште еднаш ги искористуваат жртвите и ги насочуваат лицата дека преку депонирање на нови средства можат да ги повратат претходно изгубените средства. На тој начин жртвите на измамата се измамуваат по втор пат, а средствата секако нема да им бидат вратени назад.

Организација на обединетите нации (ООН) во своите извештаи поврзани со криминалитетот во пост-Ковид19 периодот, како и останати меѓународни организации укажаа на нов облик на организиран криминал, генерално од азискиот регион кој вклучува трговија со луѓе, каде илјадници лица кои се жртви на облик на насилен криминал се принудени да вршат измами поврзани со инвестирања во виртуелни односно крипто-средства и барање на жртви низ целиот свет .

Како да препознаете потенцијално измамничка платформа за брза заработка на средства ?

1. Не е предмет на сеопфатна регулатива и надзор од надлежна институција во државата или земја од Европската Унија.

2. Не постои т.н инвеститорска програма или анг. (white-paper) за самиот проект во форма на крипто средства одобрен од надлежен орган или тело.

3. Не можат да се најдат податоци за називот на компанијата, лицата од менаџментот односно одговорните лица во правното лице, а понекогаш воопшто не постои регистриран ентитет.

4. Не можат да се пронајдат податоци дека правното лице е лиценцирано за активноста што ја врши, односно покажува фиктивни “сертификати“ за регистрација кај надлежен орган или тело на странска држава.

5. Интензивна маркетинг кампања преку социјалните мрежи и најчесто за иста платформа односно апликација, преку различни акаунти односно профили на социјалните мрежи.

6. Комуникацијата со лицата кои се претставуваат дека се надлежни или администратори/регрутери се одвива исклучиво преку социјалните мрежи како Telegram, Whatsapp, односно слични апликации за комуникација, при што зачленувањето е исклучиво во затворен круг односно преку покана на пријател или лице коешто е член на групата односно администраторот.

7. Апликациите коишто нудат „брза заработка“ не се достапни на „PlayStore“ односно „AppleAppStore“ и истите можете да ги инсталирате на вашиот електронски уред исклучиво со претходна покана на пријател.

8. Не можете да најдете податоци за техничка поддршка за самата платформа, односно не постојат ниту телефонски броеви ниту електронско сандаче за контакт.

9. Средствата коишто ги депонирате не можете да ги располагате слободно, односно истите не можете да ги повлечете тогаш кога сакате или доколку постојат такви можнoсти истото се врши за одредена провизија, која понекогаш може да биде поголема од самата „инвестиција“.

10. Платформата интензивно се рекламира дека соработува со реномирани компании со цел да прикаже дека поседува легитимитет.

11. Заработката од платформата е поврзана со извршување на одредени задачи, внесување на нови членови како и инвестирање со цел напредување во хиерархијата на апликацијата која овозможува дополнителна заработка.

Дополнително, Управата за финансиско разузнавање ги повикува менувачниците за крипто-средства во целост да го почитуваат Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, односно да ги применуваат мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на терроизам кои вклучуваат изготвување на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам и нејзино редовно ажурирање, воведување и примена на програми за ефикасно намалување и управување со идентификуваниoт ризик од перење пари и финансирање на тероризам, анализа на клиентите односно идентификација на секоја трансакција независно од износот, известување и доставување на податоци, информации и документација до Управата, чување, заштита и водење евиденција на податоци, именување на овластено лице и негов заменик и/или формирање на оддел за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Апелираме, граѓаните коишто се жртви на ваквите измами, истите да ги пријават до надлежните органи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Плачеше, викаше дека ја нема Данка“: таткото на убиеното девојче во обвинителството раскажа за исчезнувањето на детето и обвинетите
Следна Статија Средствата од унгарскиот заем треба да легнат на сметката во Народна банка, започната постапката за втората транша

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Домаќинствата најмногу трошат на храна и пијалоци

Домаќинствата во 2023 година половина од домашниот буџет го трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни…

December 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Преку активни мерки за вработување ќе работиме на подобрување на пазарот на труд и зголемување на вработеноста

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се обрати на конференцијата „Управување со недостигот на работна сила во одредени…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и…

June 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Коњановски: Во РЕК Битола имало епски криминал и истиот за жал бил помогнат од раководството на СДСМ

Во текот на денешната панел-дискусија на која се дебатираше темата поврзана со РЕК Битола или поконкретно извршените криминали во истата…

December 15, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?