Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МАКЕДОНИЈА НА ШЕСТО МЕСТО ПО РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОПА За една година платите пораснаа за10,5%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > МАКЕДОНИЈА НА ШЕСТО МЕСТО ПО РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОПА За една година платите пораснаа за10,5%
ЕКОНОМИЈА

МАКЕДОНИЈА НА ШЕСТО МЕСТО ПО РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОПА За една година платите пораснаа за10,5%

Објавено September 29, 2025 11:05
Сподели
Сподели

Недостигот на работна сила и притисокот на инфлацијата ги натера македонските компании значително да ги зголемат платите на своите вработени, со што Македонија се најде меѓу топ земјите во Европа според растот на просечната нето-плата во последната година, пишува Пари .

Официјалната статистика измери дека просечната нето-плата во земјава во јули годинава е повисока за 10,5% споредено со јули минатата година, а изнесува 45.276 денари.

Во некои сектори, како на пример во административните и помошните услужни дејности, платите се зголемени за дури 16,5%, во образованието за 15,0 %, а во здравството и социјалната заштита за 14,8%.

Со овие бројки Македонија се најде високо на ранг-листата на европските земји, дури и во конкуренција на земјите членки на ЕУ. Споредено со државите од ЕУ, плус Албанија и Федерацијата БиХ, Македонија е на високото 6. место.

Во јули, Евростат измери најголем раст на просечната плата во Бугарија, од 13,4%. Следува Унгарија со 11,0%. Веднаш зад овие две земји членки на ЕУ е Македонија, со раст на просечната плата од 10,5%.

Во Регионот, најголем раст на платите е измерен во Федерацијата БиХ, каде изнесува 12,3%. Потоа доаѓа Албанија, со раст на просечната плата од 11,7%. За Србија сè уште нема податок за јули, а во јуни платите беа зголемени за 11,8% за една година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Виз ер отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт
Следна Статија Две лица од Трубарево фатени како палат кабли во Аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

КОНЕЧНО НЕКОЈ ДА ИМ ЗАСТАНЕ НА ПАТОТ – Окриени неправилности кај продавниците за брзи кредити

При реализиран надзор над работењето на финансиските друштва констатирани се одредени измамнички трговски практики коишто се однесуваат, маѓу другото на…

March 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура

Силна подршка за капиталните проекти и унапредување на инфраструктрурата, беа теми на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер…

November 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

До крајот на месецов треба да биде познат моделот како ќе се реагира на зголемувањето на цените на прехранбените производи.…

July 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мило Ѓукановиќ во „Бизнис-клуб плус“: „Инфраструктурата е значаен фактор за развој на државата и за привлекување странски инвестиции

„Инфраструктурата е предуслов за инвестиции и за развој затоа што ако инвеститорот согледа дека вложувате во инфраструктурата, ве препознава како…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?