Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доаѓаат првите резултати од домаќинското и посветено работење на Владата – Раст на БДП од 3 проценти во третиот квартал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Доаѓаат првите резултати од домаќинското и посветено работење на Владата – Раст на БДП од 3 проценти во третиот квартал
ЕКОНОМИЈА

Доаѓаат првите резултати од домаќинското и посветено работење на Владата – Раст на БДП од 3 проценти во третиот квартал

Објавено December 9, 2024 11:21
Сподели
Сподели

Првпат после 7 години пропаст и стагнација на македонската економија, конечно државата бележи раст на БДП од 3 проценти во третото тромесечје од 2024 година. Како Владата ветивме фуриозен почеток и домаќинско работење. Тоа се реализира. Доаѓаат првите резултати, според Државниот завод за статистика, раст на бруто домашниот производ во третото тромесечје односно месеците јули, август и септември од 3 проценти, наведуваат во соопштение денеска од Владата.

Раст на БДП од 3 проценти за македонската економија, велат дека е највисок споредбено со земјите од регионот и Европа. Споредбено само пет земји членки на ЕУ имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, додека пак во регионот помала стапка на раст во третиот квартал има две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија од 2,4 проценти. Романија е во негативно салдо -0,3 проценти, додека пак Словенија има 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија и други држави.

– Како Влада очекуваме раст на БДП и во четвртиот квартал со што на годишно ниво би се доближиле од 3 проценти, што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти на Светска Банка. Како Влада преземаме активности и насочени сме кон реализација на капитални инвестиции, како и привлекување на странски директни инвестиции се со цел да ја придвижиме економијата и да поттикнеме економскиот развој. Ветивме и се обврзавме како Владата дека ќе ја трансформираме Македонија напред, стои во сопштението.

Овие бројки, дополнуваат, се показател дека Владата работи посветено, одговорно и ги реализира ветувањата дадени пред граѓаните.

– Економијата е најважниот сегмент на работата на Владата. Продолжуваме посветено!, соопшти владината прес-служба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен патник откако се обидел да го пренасочи авионот од Мексико во САД
Следна Статија На претседателот на Јужна Кореја му е забрането да ја напушта земјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Colorado жител бара надоместок од нафтените компании поради загадено гориво

Лансе Страит е еден од стотиците луѓе чиј автомобил е оштетен по точењето гориво на бензинска станица во Паркер

January 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ацо Ристов предложен за нов претседател на РКЕ

Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи…

March 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Еднострано е раскината концесијата за „Пискупштина“ во Струга

На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата на последната седница еднострано ја раскина концесијата за рудникот…

October 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 kV интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

АД МЕПСО информира дека е раскинат договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?