Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВРЕДИ бара одговори од Бујар Османи: Зошто нема никаква документација за потрошени над 120 милиони денари од буџетот на МНР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВРЕДИ бара одговори од Бујар Османи: Зошто нема никаква документација за потрошени над 120 милиони денари од буџетот на МНР
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ бара одговори од Бујар Османи: Зошто нема никаква документација за потрошени над 120 милиони денари од буџетот на МНР

Објавено August 9, 2025 09:57
Сподели
Сподели

Државниот завод за ревизија во извештајот за работењето на СРЦ „Борис Трајковски“ за изминатиот период, укажа дека нема евиденција што добил спортско-рекреативниот центар од тендерите на Министерството за надворешни работи за негово доуредување за прием на делегациите од Состанокот на ОБСЕ што се одржа во Скопје во 2023. ВРЕДИ (ВЛЕН) два дена бара одговори од тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи. Денеска ВРЕДИ го повика Османи да престане да се крие и јавно да одговори:

Зошто нема никаква документација за потрошени над 120 милиони денари од буџетот на Министерството за надворешни работи?

Зошто нема податоци што е направено за толку огромна сума пари?

Зошто не постои отчет за овие средства, ниту трага од тоа што останало по завршувањето на самитот на ОБСЕ? Овие прашања се за пари на сите граѓани, за пари кои требало да се користат за училишта, подобро здравство, за водоводи и патишта, а завршиле без траг, документ и доказ во непознат правец.

Оттаму додаваат дека Државниот завод за ревизија јасно утврдил дека во време на Бујар Османи, МНР ги потрошило овие пари без да се знае за што, без покритие, без документи и без видлив резултат.

Државниот завод е надлежна институција за вршење на ревизија на трошоците на институциите и функционерите. ДЗР изготвува извештаи за трошоците на сите институции и е единствено надлежна за тоа.

По закон, ваквите извештаи се доставуваат до сите надлежни институции, вклучително и до Јавното обвинителство, а по потреба и до Финансиската полиција. Очекуваме тие институции заради кредибилитет, веднаш да постапат и да утврдат одговорност – коментираат од коалицијата.

Во однос на кандидатурата на Бугар Османи за градоначалник на Чаир, тие велат:

Бујар Османи во својот живот не направил ништо за Општина Чаир, ниту еден проект, ниту едно подобрување за граѓаните, ниту кренал телефон за да помогне. Но, очигледно знаел многу да направи само за себе, користејќи го буџетот на државата за сомнителни трошоци без трага, документ и доказ. Само во овој случај во вредност од над 120 милиони денари.

Чаир не заслужува политичар кој бега од одговори и кој зад себе остава само сомнежи и скандали. Чаир заслужува чесно и одговорно раководство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американците масовно се обложуваат на бојата на дилдото што ќе биде фрлено на паркетот во WNBA
Следна Статија Зеленски пред средбата Трамп-Путин: Украина нема да ја даде својата земја на окупаторите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петровска: Во СДСМ мора да има одговорност, но сега не е моментот за оставки

Пратеничката и членка на СДСМ, Славјанка Петровска, вечерва изјави дека по резултатите од локалните избори, во партијата мора да има…

November 2, 2025
ПОЛИТИКА

Почна дваесетдневната изборна кампања пред гласањето на 19 октомври

Прв ден од дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври. Партиите и коалициите почнуваат со официјалните…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

Владата во соопштение до медиумите реагираше на критиките од опозициската СДСМ, поврзани со мерката за ангажирање 400 пожарникари, нарекувајќи ги…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори

СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори. „Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?