Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет”
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет”
ПОЛИТИКА

СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет”

Објавено January 17, 2026 09:59
Сподели
Сподели

Одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е „техничка пауза” туку предупредување. Стануваме земја од „третиот свет”, обвинија денеска од СДСМ.

Во продолжение соопштението

Македонија денес ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски што водат кон затворање, изолација и губење на довербата кај стратешките партнери.

Надворешната политика на оваа влада е сведена на антиамерикански активности на најблиските соработници на Мицкоски, како неговиот вицепремиер Стоилковиќ, кој има отворени проруски ставови, директни врски со Москва.
Истовремено, сведоци сме на агресивна анти-ЕУ кампања. Наместо реформи, намерно се продуцираат судири со Грција и Бугарија, повторно се отвораат затворени прашања, со единствена цел – да се оправда изолацијата и да се избегнат вистински решенија.
Во таа смисла, мерката на САД е индикатор за тоа каде реално се наоѓа Македонија на меѓународната мапа: во периметарот на Сомалија.
Ова се само првите чекори. САД веќе носат и Закон за Западен Балкан, насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата.
СДСМ ќе продолжи јасно, гласно и одговорно да ја разоткрива оваа опасна агенда на власта и да се бори против политиките на изолација, криминал и разорување на стратешкото партнерство со САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Емитувањето е мртво. Да живее емитувањето!
Следна Статија Кинескиот трговски вишок од 1,2 трилиони долари тивко продира во глобалните пазари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Ниедна лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата и Тошковски со бегството на Груби

Ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Мицкоски и Панче Тошковски со бегството на Груби,…

December 22, 2024
ПОЛИТИКА

Фетаи: Од 50 функционери на АА во Владата само тројца поднесоа оставки, сите други продолжуваат да ги извршуваат работите! АА е дел на Владата

„Од 50 функционери на АА во Владата, само тројца поднесоа оставки, сите други продолжуваат да ги извршуваат своите функции! АА…

May 20, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Двојни аршини, Кацарска против покачување на пензиите, но за повисока судска плата и привилегии

Добрила Кацарска е на функцијата уставен судија како награда од СДС за добро завршената работа во случајот за 27 април.…

November 23, 2025
ПОЛИТИКА

Ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 и не направи ништо за воздухот: Со кое лице Шукова говори за Вардариште, прашува Манасиевски

Ајродром, ајро, ајро викаше Зоран Заев на цел глас во 2017 година и ветуваше чист воздух во Аеродром, додека Каја…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?