Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вреди: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Вреди: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа
ПОЛИТИКА

Вреди: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа

Објавено August 16, 2025 17:48
Сподели
Сподели

ДУИ ја доживува најголемата политичка ерозија од формирањето на т.н. „Европски фронт”. Две од најзначајните партии што на парламентарните избори беа дел од оваа коалиција, Демократската партија на Турците (ДПТ) и Демократската партија на Албанците (ДПА) веќе не се со ДУИ.

На 14 август 2025, ДПТ официјално објави дека турската партија ја напушта коалицијата „Европски фронт” и дека на локалните избори на 19 октомври нема да настапи со ДУИ. Оваа одлука значи дека турската заедница, која во март 2024 година беше вовлечена во фронтот на Али Ахмети, сега се дистанцира и избира свој пат.

Само еден ден подоцна, на 15 август 2025 ДПА јавно соопшти дека преговорите со Али Ахмети пропаднале и дека ДПА нема да настапи заедно со ДУИ, ниту ќе биде дел од било каков заеднички договор. Со тоа, и една од постарите албански политички партии реши да ја напушти сцената на ДУИ.

Ова се факти кои покажуваат ДУИ губи поддршка од партиите што ја носеа на парламентарните избори. Веќе е јасно дека ДУИ ниту може да обедини, ниту може да победи.

Од ДУИ бегаат сите кои не се уценети од Али Ахмети, сите кои не сакаат да бидат во друштво на корумпирани политичари и сите кои не сакаат да бидат дел од погрешната политика.

ДУИ одамна го изгуби кредибилитетот кај граѓаните, а сега го губи и меѓу своите партнери. „Европскиот фронт” кој се продаваше како обединувачка сила, денес е симбол на распад, недоверба и политичка слабост.

ВЛЕН уште еднаш потврдува дека иднината е во чесна политика, отвореност и работа за граѓаните, а не во уцени, корупција и лични интереси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Полицајци спасија жена што се фрлила во водите на Вардар
Следна Статија Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапување територии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Месецов ќе почнеме со интерните анкети за кандидатите за градоначалници, рече Мицкоски

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните…

February 1, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Не оставаме никаков простор за никаков вид соработка со ДУИ, тука е главната забелешка кон Таравари

Не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ на ниту еден елемент од Владата и по ниту една основа: формална,…

May 7, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Што праиме сега Мицкоски, кој од власта ќе одговара за нарко скандалот со 5 тони дрога

Над 30 дена, повеќе од еден месец, нема одговори за најголемиот нарко скандал во регионот со заплена на 5 тони…

March 2, 2026
ПОЛИТИКА

Ахмети: Се согласуваме со една изборна единица, со праг од 5% и отворени листи, а за укинување на техничката влада треба да се консултираат ЕУ и САД

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети по лидерската средба истакна дека тие се една изборна единица со…

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?