Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска јавно побара оставка од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, откако Судот на правдата на Европската унија на 14 мај ја прогласи за одговорна поради прикривање информации за договори за набавка на вакцини.
Орбан ова го соопшти на социјалната мрежа X, објавувајќи фотографија на која фон дер Лајен е претставена како централна фигура на насловна страница од познато списание, со текст: „Време е за заминување“, што асоцира на повлекување од функцијата.

Ова барање следи по иницијативата од повеќе од 70 европратеници, кои побараа гласање недоверба за Фон дер Лајен. Иницијативата беше разгледана на 27 јуни, а утрешниот ден треба да се одржи гласањето.