Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Врховниот суд му дозволи на Трамп да депортира половина милион луѓе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Врховниот суд му дозволи на Трамп да депортира половина милион луѓе
СВЕТ

Врховниот суд му дозволи на Трамп да депортира половина милион луѓе

Објавено May 30, 2025 19:16
Сподели
Сподели

Врховниот суд на САД денеска и дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го поништи привремениот легален статус на стотици илјади венецуелски, кубански, хаитски и никарагвански мигранти кои живеат во земјата, олеснувајќи ги напорите на републиканскиот претседател за зголемување на депортациите.

Судот ја суспендираше одлуката на федералниот судија кој ја запре намерата на администрацијата да ја прекине привремената дозвола за имиграција овозможена за 532.000 мигранти од претходникот на Трамп, Џо Бајден.

Двајца од тројцата либерални членови на судот, Кетањи Браун Џексон и Соња Сотомајор, не ја поддржаа пресудата.

Привремената дозвола за имиграција овозможува престој во земјата врз основа на „итни хуманитарни причини или значаен јавен придонес“ и им овозможува на имателите да живеат и работат во САД.

Доналд Трамп го отфрли откажувањето на дозволите со наредба што ја потпиша на 20 јануари, првиот ден од неговиот втор претседателски мандат. Администрацијата изјави дека прекинувањето на привремениот правен статус ќе го олесни забрзаниот процес на депортирање на мигрантите.

Ова е еден од бројните случаи што администрацијата на Трамп ги поднесе пред Врховниот суд за да не ги поништи одлуките на судиите што го попречуваат спроведувањето на неговите политики.

На 19 мај, Врховниот суд му дозволи на Трамп да ја повлече привремената заштита од депортација што администрацијата на Бајден им ја додели на околу 350.000 Венецуелци во САД, во исчекување на пресудата на пониските судови.

Во обид да го намали бројот на нелегални гранични премини, во 2022 година Бајден почна да им дозволува на Венецуелците кои влегле во САД по воздушен пат да побараат двегодишна дозвола за престој доколку поминале безбедносни проверки и имале американски финансиски спонзор.

Бајден го прошири тој процес на Кубанците, Хаиќаните и Никарагваните во 2023 година, бидејќи неговата администрација се соочи со бран на нелегална имиграција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Внесувањето на Бугарите во Устав ќе значи право на свој јазик, култура, но и квоти во државната администрација
Следна Статија Управата на Вардар се откажа од петмина фудбалери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Трамп: Данците стигнале со брод на Гренланд пред 500 години, но тоа не значи дека е нивни

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика реакции со изјава поврзана со Гренланд, оценувајќи дека историското „откритие“ на некој простор не…

January 10, 2026
СВЕТ

ПАКИСТАН ЈА НАПАДНА ИНДИЈА! Прв воен напад, има мртви: Започна операцијата за одмазда (ВИДЕО)

По индиските ракетни напади врз три пакистански воздухопловни бази, Исламабад рано утрово го изврши својот прв воен напад на индиска…

May 10, 2025
СВЕТ

Папата повика на божиќно примирје

Папата Лав XIV синоќа повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет, не споменувајќи никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење…

December 24, 2025
СВЕТ

Трамп: Царините стапуваат во сила на 1 август, нема да има продолжување

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека царините ќе стапат во сила на 1 август и оти повеќе нема да…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?