Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вториот човек на владејачката германска ЦДУ е за поворно отворање на „Северен поток“ и разговори со Русија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Вториот човек на владејачката германска ЦДУ е за поворно отворање на „Северен поток“ и разговори со Русија
СВЕТ

Вториот човек на владејачката германска ЦДУ е за поворно отворање на „Северен поток“ и разговори со Русија

Објавено May 25, 2025 22:34
Сподели
Сподели

Заменик-претседателот на владејачката германска Христијанска демократска унија (ЦДУ) Михаел Кречмер, изјави дека го поддржува повторното отворање на гасоводите „Северен поток“ како можност за да се донесе Русија на преговарачка маса, пренсува ДПА.

  • Северен поток е можна прилика за разговори со Русија, рече Кречмер во интервју за весникот „Цајт онлајн“.

Кречмер, кој е и премиер на источната покраина Саксонија, тврди и дека 20% од потребите на Германија за гас треба да се покријат со увоз од Русија. Германија беше многу зависна од увозот на руски гас пред војната во Украина, а цените на енергијата значително се зголемија кога испораките беа прекинати по инвазијата.

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц и лидер на ЦДУ го поддржа планот на Европската комисија за блокирање на повторното активирање на гасоводите како дел од новиот пакет санкции против Русија, со цел да се изврши притисок врз Москва за преговори за прекин на огнот со Украина.

Но, Кречмер вели дека не ја смета оваа стратегија за особено корисна, посочувајќи оти постојат две опции за да се натера Русија да се согласи на разговори: „или ќе се обидете да ја присилите, како што беше случај досега, или ќе се обидете со позитивен пристап“, додавајќи дека е јасен застапник на второто.

  • Се додека велиме: Не сакаме ништо, не сакаме снабдување со гас, само воведуваме санкции, нема смисла [Русија] да разговара со нас, изјави Михаел Кречмер.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АЕК се огласи дека не излегле на терен бидејќи на навивачите не им дозволиле да дојдат во Скопје
Следна Статија Претседателката Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14 и на средба со италијанскиот претседател Матарела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека е постигнат трговски договор со Токио, според кој Јапонија ќе плаќа реципрочни царини…

July 23, 2025
СВЕТ

(Видео) Русија поставува шатори, писти и хангари: значителна руска воена активност на границата со Финска

Нови сателитски снимки покажаа значителна руска воена активност во близина на источната граница на Финска. Аналитичарите истакнуваат дека бројот на…

May 13, 2025
СВЕТ

Хамас ослободи уште тројца израелски заробеници во замена за 183 палестински затвореници

Тројца Израелци ослободени во Појасот Газа се предадени на Црвениот крст и се на пат кај еврејските војници, објави прес-службата…

February 8, 2025
СВЕТ

Иранска агенција: Нападната е американската база во Сирија

Американска воена база во Сирија била цел на минофрлачки напад, јавува иранската агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори. Агенцијата…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?