Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хамас ослободи уште тројца израелски заробеници во замена за 183 палестински затвореници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Хамас ослободи уште тројца израелски заробеници во замена за 183 палестински затвореници
СВЕТ

Хамас ослободи уште тројца израелски заробеници во замена за 183 палестински затвореници

Објавено February 8, 2025 11:46
Сподели
Сподели

Тројца Израелци ослободени во Појасот Газа се предадени на Црвениот крст и се на пат кај еврејските војници, објави прес-службата на израелските одбранбени сили (ИДФ).

„Според информациите доставени од Црвениот крст, кај нив се префрлени тројца заложници, кои се на пат кон силите на ИДФ и ИСА во Појасот Газа“, се вели во соопштението.

Ова е петто предавање на заложниците во првата фаза од договорот меѓу Израел и Хамас во кој Елијаху Шараби, Ор Леви и Охад Бен Ами се ослободени по 491 ден во заробеништво.

Хамас приреди и „церемонија за нивно ослободување“, на која беа принудени да дадат изјави повикувајќи го Израел да ги заврши сите фази од договорот за прекин на огнот.

„Бев добро третиран и со почит “, рече Охад Бен Ами. Лут сум на неуспешната израелска влада“.

За разлика од минатата недела, кога Хамас ги објави имињата на оние што требаше да бидат ослободени во утринските часови. Овој пат, терористичката група го доставила списокот на посредниците вечерта, повторно обвинувајќи го Израел за доцнење во испораката на помош и прекршување на примирјето.
Пред да бидат објавени имињата, Израел изврши притисок врз посредниците да обезбедат враќање на Шири Бибас и нејзините деца, Ариел и Кфир, за кои Хамас тврди дека се убиени, но не обезбеди докази. Таткото Јарден, кој беше ослободен при претходното примопредавање, рече: „Мојата светлина сѐ уште е таму, а додека се тие, овде се е темно“. Сепак, напорите на Израел досега беа неуспешни.

Израелската затворска служба (ИПС) се подготвува да ослободи 183 палестински затвореници, од кои 18 отслужуваат доживотна казна. Финализиран е списокот на затвореници наменети за трансфер на Западниот Брег и Газа. По неопходните процедури во затворите, силите ќе ги пренесат во централните објекти во затворите Офер и Кциот.

Затворениците ќе ги идентификуваат претставниците на Меѓународниот Црвен крст и ќе ги држат додека заложниците не пристигнат во Израел. Откако ќе бидат одобрени од израелските власти, затворениците од затворот Офер ќе бидат однесени на пунктови на Западниот Брег од страна на Црвениот крст, додека ИПС ќе ги префрли оние кои се упатени кон Газа на граничниот премин Керем Шалом.

На сцената подготвена за „церемонијата“ Хамас напиша „Ние сме денот по војната“,  порака за американскиот претседател Доанлд Трамп, откако тој го објави својот план за преселување на жителите на Појасот во соседните земји, за Газа повторно да се изгради.

Имаше и порака до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху: „Тотална победа“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија
Следна Статија Петрушевски: До кога функционери кои ја краделе државата како Пеце Мирчевски ќе бидат на функции во СДСМ? (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Владата на Гренланд демантира дека поканила американска висока делегација

Владата на Гренланд денеска го демантираше американскиот претседател Доналд Трамп дека американска делегација, вклучително и сопругата на потпретседателот Џеј-Ди Венс,…

March 25, 2025
СВЕТ

Трамп за мировниот договор за Украина: Не верувајте додека не видите

Американскиот претседател Доналд Трамп конечно се огласи во врска со мировните преговори за завршување на војната во Украина, објавувајќи на…

November 24, 2025
СВЕТ

Сите ја плаќаме цената на иранските напади, дури и мојот син двапати ја откажа својата свадба, изјави Нетанјаху

„Целиот израелски народ ја плаќа цената“ се пожали израелскиот премиер по верашниот ирански напад во кој беше погодена болница давајки…

June 20, 2025
СВЕТ

Нобеловата лауреатка Марија Корина Мачадо успеа да избега од Венецуела

Патувањето на Мачадо до Норвешка вклучуваше тајно патување низ Венецуела, часови на риболовен чамец во бурно море и лет од…

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?