Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп помилува две мисирки, на шега ги нарече Ненси Пелоси и Чак Шумер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп помилува две мисирки, на шега ги нарече Ненси Пелоси и Чак Шумер
СВЕТ

Трамп помилува две мисирки, на шега ги нарече Ненси Пелоси и Чак Шумер

Објавено November 26, 2025 12:58
Сподели
Сподели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, помилува две мисирки по име Вадл и Гобл на Денот на благодарноста, поштедувајќи ги цел живот од тоа да станат дел од американската празнична трпеза.

Мисирките, чии имиња беа избрани преку онлајн гласање, беа помилувани од Трамп и првата дама на САД, Меланија Трамп, на церемонија во Градината со рози во Белата куќа, објави ABC news.

На церемонијата, тој на шега ги спомена поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, и лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, наведувајќи дека размислувал да ги именува мисирките по нив, но дека „никогаш не би ги помилувал тие луѓе“.

За време на своето обраќање, Трамп ја искористи можноста да ги истакне достигнувањата на неговата администрација, вклучително и усвојувањето на, како што го нарече, „одличен, прекрасен закон“, напорите за зголемување на безбедноста во американските градови и намалување на меѓународните тензии, објави Танјуг.

Во својот говор, тој ги критикуваше и политичките противници, вклучувајќи го и поранешниот претседател Џо Бајден, обвинувајќи го дека ги помилувал мисирките Пич и Блосом минатата година со неважечки потпис.

По помилувањето, мисирките Вадл и Гобл ќе бидат вратени во Северна Каролина, каде што ќе живеат под надзор на Одделот за живина на Универзитетот на Северна Каролина во Рали.

За време на настанот, една од мисирките побегнал, по што Трамп се пошегува: „Нема да оди далеку, опуштете се…“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Капиталните инвестиции бележат раст од 47,4 отсто
Следна Статија Претставена Националната стратегија за соработка со дијаспората

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп планира да почне со масовна депортација на мигранти во Чикаго, пишува „Волстрит журнал“

Претседателската администрација на САД на Доналд Трамп планира да почне голема имиграциска депортација во Чикаго ден по неговото преземање на…

January 18, 2025
СВЕТ

Орбан по средбата со Венс: Мирот и безбедноста на Унгарија се загарантирани

Ви благодарам претседателе Трамп и потпретседателе Венс што стоите покрај Унгарија! Најмоќната земја во светот денес е сојузник на унгарскиот…

April 7, 2026
СВЕТ

Илон Маск донираше 75 милиони долари за кампањата на Трамп

Во објавата на социјалната мрежа Икс, Маск посочи дека ќе одржи серија разговори низ Пенсилванија. Пенсилванија се смета за клучна…

October 16, 2024
СВЕТ

Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. Тој сака да…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?