Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Втор ден блокиран регионалниот пат Прилеп-Крушево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Втор ден блокиран регионалниот пат Прилеп-Крушево
МАКЕДОНИЈА

Втор ден блокиран регионалниот пат Прилеп-Крушево

Објавено May 7, 2025 17:43
Сподели
Сподели

Жителите на пелагонискиот регион втор ден го блокираа регионалниот пат Прилеп-Крушево, во знак на протест поради најавите дека ќе почне санација на два моста кај селата Славеј и Врбјани.

Незадоволните граѓани стравуваат дека реконструкцијата на мостовите значително ќе им го отежне движењето и ќе мора да користат алтернативни патишта, кои ќе им одземат и повеќе време и повеќе средства.

И градоначалникот на О. Кривогаштани и од Општина Крушево бараат ургентно решение на проблемот. Сметаат дека понудената алтернативна рута не е безбедна и во корист на жителите.

Од Јавното претпријатие за државни патишта пак соопштија дека градежните работи се при крај, и побараа разбирање и трпение од локалното население.

-Градежните работи за ,,Санација на трупот на патот на регионален пат Р 1306, делница Прилеп-Крушево (кај Славеј),,во должина од 920 метри се при крај и најдоцна до 25 мај патниот правец повторно ќе биде ставен во функција. За време на изведбата на градежните работи патниот правец е затворен за сообраќај и согласно со одобрениот времен сообраќаен проект за режим на сообраќај поставена е соодветна сообраќајна сигнализација заради безбедност во сообраќајот.- ЈПДП.

Работите на овој патен правец започнаа во април лани. Неколку месеци имаше застој на работата, поради отежнатите временски услови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија
Следна Статија Јанев до раководните лица во БЈБ: Функцијата не ви е штит, таа е одговорност, никој не е вечен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Со посебен закон ќе се спречува изградба на катна гаража зад Собранието

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на брифинг со новинарите иформираше дека со посебен закон ќе се спречи изградбата на катната…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

„На матурска прослава без автомобил, без конзумирање алкохол: МВР со апел за безбедни матурски прослави

Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Наставниците се ослободуваат од непотребни административни обврски

Во време на забрзана дигитализација на образованието и воопшто на општеството, нема потреба наставниците да пополнуваат едни исти податоци на…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам разбирање за граѓаните за бојкотот на маркетите

Имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?