Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Втор екстерен испит од државната матура, најмногу пријавени за тестот по англиски јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Втор екстерен испит од државната матура, најмногу пријавени за тестот по англиски јазик
МАКЕДОНИЈА

Втор екстерен испит од државната матура, најмногу пријавени за тестот по англиски јазик

Објавено June 11, 2025 11:08
Сподели
Сподели

Матурантите денеска ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е по нивни избор. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), најголем број пријавени има за тестот по англиски јазик (13 457 ученици). 

За тестот по математика се пријавиле 1246 ученици, 73 ќе полагаат германски јазик, 24 – француски јазик, 62 – естетика. За тестот по филозофија има седум кандидати, четворица за руски јазик и тројца за италијански јазик. 

Првиот екстерен испит, задолжителен за сите ученици, мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, се полагаше на 31 мај. 

Според податоците на ДИЦ, 9969 матуранти беа пријавени за македонски јазик, 4339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за тестот по српски јазик. 

Како што соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска два дена по испитот, десетина ученици биле отстранети од полагањето зашто се обиделе да препишуваат од телефон, оценувајќи дека се работи за значајно намален број од претходната година.

-Процесот сѐ уште не е комплетиран, но бројот на ученици што препишувале е значајно намален. Со оглед на тоа колку беа отстранети минатата година, сметам дека има напредок и очекувам секоја година тоа да биде сѐ подобро и подобро, изјави Јаневска.

Поради зајакнатите мерки за контрола, рече, очекува бројот да биде уште помал на полагањето на вториот екстерен испит. Апелираше до тестаторите да „не замижуваат пред неправилности“ и до учениците да не се обидуваат да препишуваат и „да го излажат системот затоа што ризикуваат да изгубат цела година од животот – да влезат на пазарот на трудот или да го продолжат образованието“.

За надгледување на испитниот процес, ДИЦ и оваа година ангажира околу 2000 тестатори. Испитите се полагаат во училиштата доколку исполнуваат услови согласно Правилникот за организирање државна матура, а за учениците од училишта кои немаат такви услови, полагањето е во амфитеатрите на факултетите.

За државната матура годинава се пријавени 15 004 кандидати.  Од нив, 8816 ученици се од средните стручни училишта, 5966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование.

Матурантите кои во јуни нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе можат да полагаат во августовската сесија – на 12 август е испитот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а на 14 август е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика). 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД и Кина се согласија за „деескалација“ на трговските тензии
Следна Статија Маск: Жал ми е за некои од моите објави за Трамп, отидоа предалеку

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЕУ да се врати на старите шини, кои се темелат на мерит системот, а не на билатерални спорови, порача Мицкоски

Европската Унија мора да се врати на старите шини, кои се темелат на мерит системот, односно на постигнувања, а не…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Угостителите и понатаму ќе плаќаат по 5 денари од квадрат за летните тераси

Иако веќе четири години се укинати мерките за заштита од ковид-19, угостителите во Скопје сè уште уживаат повластена цена од…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?