Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ: Не само за Србија, се борев и за Македонија и БиХ – Западен Балкан во пакет со Украина?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ: Не само за Србија, се борев и за Македонија и БиХ – Западен Балкан во пакет со Украина?
БАЛКАН

Вучиќ: Не само за Србија, се борев и за Македонија и БиХ – Западен Балкан во пакет со Украина?

Објавено January 27, 2026 17:13
Сподели
Сподели

Српскиот претседател  Александар Вучиќ изјави дека неговата политичка борба за европската интеграција не била насочена исклучиво кон Србија, туку и кон Босна и Херцеговина и Македонија, отворајќи ја можноста земјите од Западен Балкан да напредуваат кон Европската Унија по забрзана постапка, во ист пакет со Украина.

Во интервју за Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина, Вучиќ оцени дека евентуалното членство или приклучување кон некаков облик на „полуевропска унија“ би довело до губење на сегашната тежина на границите во регионот.

– За тоа се борев. Не само за Србија, туку и за Босна и Херцеговина и за Македонија – изјави Вучиќ.

Тој објасни дека се разработува посебен пристап во рамки на можен мировен договор поврзан со војната во Украина, според кој Киев би можел да стане членка на ЕУ од 1 јануари 2027 година. Според Вучиќ, ваквиот модел би можел да создаде врата за забрзана интеграција и за државите од Западен Балкан кои сè уште се надвор од Унијата.

На прашањето дали ваквото сценарио е реално, српскиот претседател одговори воздржано:

– Не сум сигурен, но не би ја исклучил таа можност.

Во интервјуто Вучиќ се осврна и на обвинувањата поврзани со случајот познат како „Сараево сафари“, во кој се тврди дека за време на војната во Босна и Херцеговина пукал од снајпер кон Сараево. Тој ваквите наводи ги нарече ноторни лаги.

– Ниту убив, ниту пукав, ниту нешто слично – рече Вучиќ.

Тој го обвини хрватскиот новинар Домагој Маргетиќ дека води, како што изјави, специјална војна против него и против Србија, оценувајќи го како „обичен измамник“.

Вучиќ потврди и дека на почетокот на војната работел како новинар и преведувач за српската телевизија во Пале, место во близина на Сараево.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Триста компании ќе бидат поддржани со грантови за зелена трансформација во вкупен износ од 25 милиони евра, најави Мицкоски
Следна Статија Кошта по трговскиот договор ЕУ – Индија: Ова е историски момент, отвораме ново поглавје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Градат 2.000 станови: Целта е цената за квадрат да се намали на 3.000 евра

Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ очекува следната година во главниот град на Словенија да започне изградбата на дополнителни 2.000 станови…

December 3, 2024
БАЛКАН

Актерот Жарко Лаушевиќ целиот живот се плашеше од крвна одмазда, неговиот затворски цимер го одмазди единствениот син

Дека крвната одмазда се уште ја има во Црна Гора пример е актерот Жарко Лаушевиќ и неговиот затворски цимер Никола…

January 5, 2025
БАЛКАН

Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин, вреден 20 милиони евра

Бугарските гранични служби денес објавија дека успешно заплениле една од најголемите пратки кокаин пронајдени досега во комбе со белгиски регистарски…

July 20, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: До 19 или 20 март нова влада на Србија или предвремени избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека новата влада треба да се формира до 19 или 20 март или ќе…

February 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?