Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Триста компании ќе бидат поддржани со грантови за зелена трансформација во вкупен износ од 25 милиони евра, најави Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Триста компании ќе бидат поддржани со грантови за зелена трансформација во вкупен износ од 25 милиони евра, најави Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Триста компании ќе бидат поддржани со грантови за зелена трансформација во вкупен износ од 25 милиони евра, најави Мицкоски

Објавено January 27, 2026 17:11
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека речиси 300 компании ќе бидат поддржани со грантови во вредност од 25 милиони евра за зелена трансформација. Но, нагласува, таа зелена транзиција треба да се прави чекор по чекор за да не им се нанесе штета на индустријата и на државата.

Да, работиме, практично со агенцијата „Инова“, за овозможување и обезбедување грантови за компаниите, особено во делот на енергетската трансформација. Имав и во Давос едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се согласија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија, која ѝ е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина.

Според него, процесот треба да се одвива чекор по чекор, затоа што, како што истакна, секоја избрзана постапка може да направи штета и за индустријата и за државата.

Но колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и набргу ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по увидот во инфраструктурните проекти во Гази Баба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се повлекува адаптирано млеко за бебиња на „Нестле“ од 60 земји, починале две бебиња во Франција
Следна Статија Вучиќ: Не само за Србија, се борев и за Македонија и БиХ – Западен Балкан во пакет со Украина?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во оваа земја од ЕУ најмалку работат

Италијанците работат во просек 32,8 години во текот на својот живот, што е втора најниска вредност во Европската унија по…

August 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Назиф Дестани од „Еколог“ се откажа од „Еуромакс“– ги продал акциите

Тетовецот Назиф Дестани, кој на македонската јавност ѝ е познат како сопственик на фирмата „Еколог“, ги продал акциите во рударската…

May 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕСМ: Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона

Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со…

September 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Рафуна и Азески разговараа за нормализирање на протокот на прехранбени производи на македонско-косовската граница

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?