Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ потпиша измени на судски закони, кои Брисел ги оцени како чекор назад на патот кон членство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ потпиша измени на судски закони, кои Брисел ги оцени како чекор назад на патот кон членство
БАЛКАН

Вучиќ потпиша измени на судски закони, кои Брисел ги оцени како чекор назад на патот кон членство

Објавено January 30, 2026 19:18
Сподели
Сподели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска потпиша укази за прогласување сет закони од судството, кои ЕК ги оквалификува како „сериозен чекор назад во процесот на европска интеграција на земјата“. Со тоа, законите што беа усвоени од владејачкото мнозинство во српскиот парламент на 28 јануари, стапија во сила.

Европската комисија го повика Белград, по усвојувањето на законите, да ги разгледа во „најкраток можен рок“ и да ги усогласи со европските стандарди.

 

Комисијата оцени дека законите „ја поткопуваат независноста на судството, како и автономијата и функционирањето на обвинителствата“.

 

– Кога има земја што е кандидат за европска интеграција, а Србија е, очекуваме таа земја да се однесува на европски начин. Тоа е сериозен чекор назад, бидејќи тие измени беа усвоени на многу брз и нетранспарентен начин, без никакви консултации, изјави вчера јануари европската комесарка за проширување Марта Кос.

Претставниците на опозициските партии во Србија тврдеа дека суштината на промените е Владата да врши поголема контрола врз судството и да ја намали објективноста во функционирањето на јавните обвинителства. Измените на Законот за јавно обвинителство, како и за судиите, и измените на Законот за седиштата и подрачјата на судовите и јавните обвинителства беа усвоени со отфрлање на сите амандмани на опозицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се сруши стара куќа и смачка возила во Битола
Следна Статија Техеран: Подготвени сме и за преговори и за војна со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

„Кобрите“ што го чуваат Вучиќ се најелитната единица

Одредот на воената полиција за специјални намени „Кобри“ е единица директно подредена на началникот на Генералштабот на вооружените сили на…

February 10, 2025
БАЛКАН

Студентите во блокада тргнаа пеш од Белград кон Нови Сад: На 1.февруари блокада „Три месеци – три моста“

Студентите кои ги блокираа факултетите во Белград утринава се собраа пред Факултетот за драмски уметности, од каде пеш тргнаа кон…

January 30, 2025
БАЛКАН

Хил: САД ќе се обидат да му кажат на Балканот сам да си ги решава проблемите

Поранешниот амбасадор на САД во Србија Кристофер Хил смета дека завршило времето кога „една балканска земја може да отиде во…

June 16, 2025
БАЛКАН

АМЕРИКАНЦИ ГО КУПУВААТ БУГАРСКИОТ ДЕЛ ОД „ТУРСКИ ТЕК“? На продажба е последната точка на извоз на руски гас во Европа

Бугарските власти се надеваат дека договорот со американнската фирма може да го заштити гасоводот од идните санкции. Гасоводот снабдува околу…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?